Critical Archive – Revealed

February 14, 2018

Година: 2018

Фотографии: Васе Аманито

Проектот “Критичка Aрхива – Разоткриена” – од LAPIS (Arts of Science Laboratory) има за цел систематски да го елаборира поимот архивски простор како “место на идеја”. Да го активира – да ги открие архитектонските цртежи, документи и студии и прикаже како популарни докази: со двојно значење, и како простор за значајни разлики но и како алатки кои овозможуваат заедничка цел. Градот Скопје се соочува со тековна криза – ние ја гледаме како културна криза. Неодамнешната итност на темата повторно ја отпочнува тековната дебата во архитектонскиот дискурс, сместувајќи го херојското меѓународно културно движење иницирано од архитекти во Скопје (од 1963 година) во нејзиниот историски контекст и ја демонстрира својата улога како катализатор за нов преглед на дадениот потенцијал.

Движењето беше воспоставено на урнатините што останаа од земјотресот од 1963 година и беа обновени од популарната побарувачка во 2017 година. Сметаме дека овие траги претставуваат важен, но досега непризнат, просторен запис за последователните активности на скопското граѓанско општество. LAPIS и Exhibit:Skopje, имаат за цел да повлечат низа примероци кои што ќе бидат собрани заедно во проектот “Критичка Aрхива – Разоткриена”, каде што ќе се прифатат различните мислења и каде што ќе се пронајде заеднички инструмент – вистинска идеја која може да се шпекулира и да даде форма, да се дебатира и сподели.

За нас, архивата како “простор на слобода”, е место со реципрочно влијание над неговата физичка инфраструктура. Во чест на овој признаен реципроцитет, архивата – која доаѓа од грчката “arche” [ἀρχεῖον] што значи “местото каде што потекнува мокќта” – може да биде место каде знаењето се вреднува и собира од една страна и активно се толкува од друга: место каде што се создава меѓучовечко разбирање и се учи толеранцијата.

Нашата цел е да ја нагласиме општествената вредност на просторната застапеност на архивата како медиум за преговарање на заедничките вредности на оспорените територии. На крајот, ја гледаме архивата како место за преговарање на спротивставените интереси, изразувајќи заеднички вредности и афирмирање на заедничките мислења на разновидните и поделени ставови на граѓани на Скопје. Имаме намера да ја унапредиме улогата на архивата, промовирајќи го својот двоен идентитет, и како место за меморија и акција – наследство, но и како и место за иновации. Со привремено поставување на архивата во срцето на јавниот дискурс, истакнувајќи ја својата улога преку поврзување со минатото и иднината и нејзината просторна асоцијација, како форум за полемиките на тој дијалог – ние планираме да ги отвориме вратите ширум, со верувањето дека интелектуалната слобода може да формира заеднички вредности.

ИСТРАЖУВАЊЕ:
Јана Константинова (Arts of Science Laboratory, EPFL)

ПРОДУКЦИЈА:
Ива Шокоска (Exhibit:Skopje)

ДИЗАЈН И ОРГАНИЗАЦИЈА:
Дамјан Момировски (Општина центар)

ДЕБАТА:
Владо Данаилов (Архи.ТЕК)

Координатори:
Exhibit:Skopje, Arts of Science Laboratory (LAPIS,EPFL),
Архитектонски факултет – Скопје

Спонзори и соработници:
Архи.ТЕК, Фондација УСМ, Фондација Гандур за уметност, Општина – Центар, Кино Култура, Винарија Тиквеш

Посебно благодарност до Бојан Шокоски (Еxhibit:Skopje), Павле Игновски (Кино Култура) и дј. Зоки Бејби

Фотографија: Васе Аманито

Автор на статија:

| / / / / / / / |