Доделување на наградата „Андреја Дамјанов“ / 15.12.2019

Почитувани колеги,

Со особено задоволство Ве покануваме да бидете дел од 30 – тото доделување на наградата „Андреја Дамјанов„ која традиционално се доделува секоја година како награда за животно дело и особени достигнувања во областа на архитектурата и градителството. Свеченото доделување на наградата на овогодинешниот добитник – архитект Миодраг Митровиќ, ќе се одржи на 15.12.2019 година, во просториите на Музејот на град Скопје, со почеток во 20:00 часот.

20:00

–       Поздравен говор на г.дин Мартин Пановски, претседател на ААМ

–       Поздравен говор на г.дин Трифун Костовски, почесен член на Академијата на архитекти на ААМ

–       Обраќање на претседателот на жири комисијата г.дин Миодраг Радоњиќ, член нa Академијата на архитекти на ААМ

–       Обраќање на добитникот на наградата за животно дело “Андреја Дамјанов” за  2019 година

20:40 – 22:00

–       Изложба

–       Коктел

 

Ќе ни биде исклучителна чест ако со вашето присуство ја збогатите оваа манифестација.

Со почит,
ААМ

 

фото: Борис Јурмовски