Културен дистрикт – Скопје / Саити

February 12, 2018

Година: 2017/2018

Тема: Нов културен дистрикт

Автори: Фјола Саити

Ментор: Доц. Д-р Михајло Зиноски

Локација: Скопје

Проектирање на општествени згради – Интегративно Студио IX

 

Реупотреба и пренамена на индустриските објекти денес е современ тренд. Во овој проект е направена пренамена на фабриката 11 Октомври во Скопје во нов културен дистрикт. За да се зачува меморијата за објектот, новите интервенции се направени така да конструкцијата и надворешната форма на објектот да остануваат пак исти. Во внатрешноста на објектот се појавуваат работилници со продавници, ресторан,ноќен клуб, музеј, библотека, ателјеа за танц, глумање,музика, простории за аудио снимање, бар, и театар како главна содржина во објектот.

Како главен концепт при проектирање на овој објект беше креирање на една населба, со сите горенаведените функции кои ќе бидат поделени со улици, покриени и непокриени. Овие непокриени улици се формираат со сечење на објектот во одредени места, и на овој начин се поврзуваат полесно двете страни на објектот.

Во склоп на овој објект се појавува парк и паркинг простор кој ги задоволува потребите на новата намена. А исто така како еден атрактивен елемент е пешачкиот мост кој се појавува во дел од објектот а продолжува над реката Вардар и се спушта во кејот на реката, поврзувајќи ја новиот културен дистрикт со населбата Аеродром, правејќи го објектот полесно пристапен и поатрактивен.

 

 

 

Основа на приземје

Основа на кат

Пресеци

 

Ф.К

Автор на статија:

| / / / / |