• February 10, 2018
  • marh

Повик за учесници на MEDS workshop “Meeting of Design Students” во Либан

MEDS workshop “Meeting of Design Students” е интернационална платформа за млади архитекти и дизајнери,која секое лето се одржува во различна земја. Во периодот од 27 јули до 11 август 2018 година ќе се одржува работилницата во античкиот град Библос, Либан под тема DiverCity. Работилницата се состои од 15 различни проекти кои ќе бидат реализирани во рамките на зададените датуми, на кои ќе присуствуваат 40 различни националности, со вкупен број на 230 студенти на архитектура и дипломирани архитекти. Конкурсот за учесници трае до 28 фебруари.Ова е можност да се стекнете со искуство и нови знаења преку работење во тим на одреден проект, кој ќе биде воден од тутор. Преку одбраните проекти, DiverCity ќе се обиде да одговори на глобалната и локалната заедница,преку наоѓање солуција за нивните проблеми.

За повеќе информации посетете ја фејсбук страната https://www.facebook.com/medsbyblos/ или веб страната http://medsworkshop.com/byblos/