“Microsoft” Минск / KL Studio

Година: 2017-18

Студио: KL Studio

Организатор: “Source8”, Лондон

Фотографии: Александра Коначенко

Локација: Минск, Белорусија

Површина: 220 m2

По успешната соработка на проектот за канцелариите на Микрософт во Скопје, задачата за дизајнирање на работните простории на Микрософт во Минск, Белорусија, беше доделена на КЛ Студио. Насоките на Микрософт за дизајн експлицитно го промовираат верувањето на компанијата дека работниот простор е за вработените и посетителите и дека неговото брендирање е многу повеќе од само логоа и бои.

Во текот на работата на дизајнот инспириран од регионалниот контекст, го задржавме силниот и конзистентен Микрософт визуелен бренд, суптилно признавајќи ја гордоста на локацијата. Во процесот на спојување на современите потреби на клиентот со регионалниот историски контекст, се обидовме да избегнеме буквално претставување на локалната култура и стереотипи создавајќи уникатна мешавина помеѓу насоките од клиентот и локалните шари, бои и контекст.

Во рецепцијата, ходниците и кујната создадовме гостoпримлива атмосфера  со многу слоеви и детали, од  друга страна во поформалниот работен дел дизајниравме чист и светол простор со доволно детали за вработените да го чуствуваат личен.