Плоштад на традиционалните занаети, Вараждин, Хрватска / Шалева, Лозановска, Јуришевич, Пахович

October 16, 2018

Година: 2018

Тема: Архитектонски натпревар за изработка на архитектонски и урбанистички проект за "Плоштад на традиционалните занаети"

Автори: KONNTRA - Силвија Шалева (Македонија), Мирјана Лозановска (Македонија), Ерик Јуришевич (Словенија), Нина Пахович (Хрватска)

Локација: Вараждин, Хрватска

По неодамнашната објава за распишан  урбанистичко – архитектонски конкурс и изработка на идејно проектно решение за “Плоштад на традиционалните занаети” во Вараждин, Хрватска, организиран од  Друштвото На Архитекти и Туристичката заедница на Град Вараждин, прогласени беа наградените трудови од кои првата награда припадна на група млади архитекти од Македонија, Словенија и Хрватска. Во оваа објава ви проложуваме повеќе информации за нивниот проект.

“Плоштадот на традиционалните занаети” претставува јавен простор кој е дел од историскиот центар на градот Вараждин. Низ годините овој простор доживува трансформација и станува важна туристичка локација. Со цел да се истакне неговата намена и атрактивност, неопходно беше да се изврши севкупен редизајн на визуелниот идентитет и дефинирање на функционалните зони и елементи од урбана опрема.

 

Новопроектираното решение бараше чувствителен пристап, кој ќе го негува и зачувува сегашниот просторен идентитет. Проектантските критериуми запазуваа : однос помеѓу просторот со опкружувањето, просторните и обликовни квалитети, современото изразување наспроти историско амбиентални вредности и рационалност во концептот и решението.

Севкупното функционално решение го потенцира и зачувува квалитетот на плоштадот, така што новопроектираните урбани елементи и модуларниот киоск со современ дизајн ќе обезбедат подобро место за презентација и изложување на производите, а воедно ќе го зајакнат карактерот и идентитетот на оваа локација.

Од авторите

Автор на статија:

| / / / / |