Предавање и изложба – Митеш Диксит

July 7, 2018

Локација: Галерија Робевци,

Охрид, Македонија,

7 јули, 19:00 часот

Универзитет Американ Колеџ, Факултет за Архитектура и Дизајн, Скопје Ве покануваат на предавање и разговор со професор Митеш Диксит, архитект по Архитектура на Syracuse University, New York. Предавањето ќе се одржи во Сабота 7ми Јули во 19:00 часот во Галерија Робевци, Охрид.

Настанот е дел од 6тата Летната Школа за Архитектура во Охрид со наслов ,,Материјални Контури” предводена од професор Диксит. Изложба на трудовите изработени за време на летната школа ќе биде составен дел од овој настан.

Предавање:

On Process

Митеш Диксит од архитектонското студио DOMAIN OFFICE во неговото предавање “On Process” ја истражува релацијата на теоријата и праксата, прашањето за постоењето и значењето на теоријата и суштествената конституција на дефиницијата при процесот на проектирање. Преку анализа на два проекти од различна архитектонска типологија, контекст и локација, Диксит ќе ја илустрира тенденцијата и копнежот на архитектонското студио DOMAIN OFFICE во потрага по “нова” дефиниција во праксата.

Автор на статија:

| / / / / / |