Тековни конкурси

April 2, 2018

Во моментов на страната на e-nabavki.gov.mk активни се 5 конкурси за идејни решенија. За ситуацијата со повеќе македонски конкурси неколку пати реагиравме како од аспект на барањата во конкурсните задачи, неразумните рокови, така и за понижувачките наградни фондови во кои често е одвоена само една – прва награда. Целта на конкурсите е да се даде демократско право на сите од професијата да го дадат мислењето за обликувањето на јавните објекти и просторот, меѓутоа и да се одбере најквалитетното решение. Поентата за распишувањето значи да се привлечат што повеќе архитекти да учествуваат, со што на локалните власти им се овозможува да направат избор од најквалитетните понудени проекти. Во  една замислена ситуација на  атрактивен конкурс и учество на повеќе од 50 тимови или автори, доделувањето на една награда е експлоатација на интелектуален труд. Достојните распишувања на повици секогаш предвидуваат први три места и препорачливо 3 рамноправни откупи, како би се обештетил трудот на учесниците. Ова прашање сме го отвориле повеќе пати и за истото има уште многу аспекти за разгледување. Се надеваме дека ќе најде интерес кај Асоцијацијата на архитекти на Македонија и Комората на овластени архитекти и инжењери на Македонија, да се поткрене на едно посериозно ниво тоа што треба да претставува конкурс.

Во продолжение ви ги пренесуваме достапните информации за распишаните конкурси, додека проценката на кој конкурс вреди да се учествува ја оставаме на вам:

1.

Цел на конкурсот: Избор на идејно решение за изградба на затворен училишен пливачки базен

Распишувач: Општина Чаир

Рок: 28.02.2018 -05.04.2018

Награди: Прва награда – 40.000 денари бруто износ

Дознајте повеќе >>>

 

2.

Цел на конкурсот: Изработка на идејно решение за дизајн на урбана опрема: клупи, корпи за отпадоци и заштитни столбчиња за зеленило

Распишувач: Град Скопје

Рок: 06.03.2018-12.04.2018 

Награди: За Дел 1 – Клупа тип 1 – прва награда во нето износ од 18.000,00 денари и втора награда во нето износ од 10.000,00 денари, • Дел 2 – Клупа тип 2 – прва награда во нето износ од 18.000,00 денари и втора награда во нето износ од 10.000,00 денари, • Дел 3 – Корпа за отпадоци тип 1 – прва награда во нето износ од 18.000,00 денари, и втора награда во нето износ од 10.000,00 денари, • Дел 4 – Корпа за отпадоци тип 2 – прва награда во нето износ од 18.000,00 денари, и втора награда во нето износ од 10.000,00 денари, • Дел 5 – Заштитно столбче за зеленило тип 1 – прва награда во нето износ од 18.000,00 денари и втора награда во нето износ од 10.000,00 денари, • Дел 6 – Заштитно столбче за зеленило тип 2 – прва награда во нето износ од 18.000,00 денари и втора награда во нето износ од 10.000,00 денари.

 

Дознајте повеќе >>>

 

3.

Цел на конкурсот: Конкурс за избор на идејно решение и изработка на опрема –монтажно демонтажни елементи за изложби под отворено небо, наменети да бидат на различни локации на градот Скопје со цел изложување на уметнички дела

Распишувач: Град Скопје

Рок: 26.03.2018-02.05.2018

Награди: Предвидено е доделување на една главна награда во нето износ од 90.000,00 денари

 

Дознајте повеќе >>>

 

4.

Цел на конкурсот:  Изработка на идејно архитектонско решение за реконструкција на плоштад „Чинар“ во Охрид

Распишувач: Општина Охрид

Рок: 27.03.2018-09.05.2018 

Награди: Прва награда 100.000.оо ден. Втора награда 30.000.оо ден. Трета награда 20.000.оо ден.

Дознајте повеќе>>>

 

 

5.

Цел на конкурсот: Изработка на макета на бел штрк во паркот на населено место Чешиново, општина Чешиново-Облешево

Распишувач: Општина Чешиново-Облешево

Рок: 28.03.2018-04.05.2018

Награди: Износот на наградата за избор на најдоброто решение изнесува 60.000,00 (шеесет илјади) денари (бруто).

 

Дознајте повеќе>>>

 

Автор на статија:

| / |