Конкурс на ARCHMEDIUM за центар на водени спортови во Охрид
26.02.2015 • Информации
ARCHMEDIUM е мултикултурна платформа за размена на проекти. Насочени се кон организирање на меѓународни конкурси според професионални критериуми и одбрано жири со цел соработка помеѓу архитектонските факултети, студенти и млади архитекти.
Овој пат на огромно задоволство, АРХМЕДИУМ, организира меѓународен конкурс за центар на водени спортови во Охрид. Вниманието е посочено кон организацијата на охридскиот маратон, како и долгата спортска традиција. Локациски сместен во крајбрежјето близу Билјанини Извори, на територија од 3000 м2 ( +-10%), се бара организација на центарот со сите потребни простории и површини за одлагање кану, едрилици, кајак, спортски реквизити, базени, администрација, кафетерија и припремни простории.
Конкурсот е поделен во две категории, студентски и за млади архитекти (до 10 години по дипломирање). Во центарот на вниманието се помладите колеги за кои наменети се три награди (2500, 1000, 500 евра ) и 10 почесни признанија, дополнително објавување на проектите во македонскиот магазин Порта 3, светски магазинини и блогови, како и официјална изложба. За младите архитекти ќе се додели 1во место (2000 евра), и три почесни признанија.
Регистрирањето на конкурсот е поделено во три периоди:
специјална понуда – од 23 февруари до 5 април ( 60,5 евра)
рано регистрирање- од 6 април до 3 мај (90,75 евра)
регуларна регистрација – од 4мај до 31 мај (121 евра)
Жирито на овој конкурс е составено од реномирани македонски архитекти:
Александар Радевски,
Бесиан Мехмети,
Антонио Петров,
Огнен Марина,
Елена Аспровска.
официјалните ифнормации можете да ги најдете на: archmedium.com
Автор на статија: marh