Автобуска станица Скопје/ Балкан Консалтинг 2003
02.11.2015 • XXI век
АВТОБУСКА СТАНИЦА ВО КОМПЛЕКСОТ НА ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР – СКОПЈЕ
Инвеститор : ГРАД СКОПЈЕ
Година на проектирање : 2003 – 2004 год .
Проектант : Лилјана Кик
Соработници : Гуда Никалевиќ, Магдалена Димишкова
Конструкции :Венцо Ваневски
Извор и контакт: balkan-consulting
Автобуската станица е дел од проектот на Кензо Танге за нов Транспортен центар , во Скопје – изработен по земјотресот во 1963 год .
Со главниот проект се предвидени 25 перони за меѓуградски и меѓународен сообраќај како и простор за приградски сообраќај .
Сообраќајот ќе се одвива еднонасочно и контролирано со влез од булевар Кузман Јосифовски Питу , а излез на улица Никола Карев . Автобуската станица и железничката станица стануваат интегрална целина при што истите се тангираат по својата подолга страна и овозможуваат топла врска меѓу нив .
Волуменски објектот е сместен под лирата од железничките перони со две спратни висини, два влеза за корисниците и еден излез на пероните со вкупна површина од 2.670,00 м2.
Архитектонско естетскиот израз на објектот во целост е продолжување и следење на веќе применетите принципи во обликувањето на изведените објекти со што се обезбедува континуитет на идеата за оформување на Транспортниот центар како целина.
Автор на статија: marh