Во Скопје се одржа меѓународниот настан SHARE 2017
07.09.2017 • Информации
Во организација на Pro Event Association во соработка со Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Асоцијација на архитекти на Косово, Албанската асоцијација на архитекти , како и Комората на архитекти во Бугарија, вчера во хотелот „Мериот“ се одржа меѓународниот настан SHARE International Architecture Forum.
Идејата на настанот беше да ги собере на едно место регионалните и светските водечки имиња во полето на архитектурата кои ќе ги презентираат сопствените искуства и реализации низ призмата на современите материјали за ентериерно и екстериерно обликување, за кои беа поканети и гости од водечките производители Sisecam Flat glass, Аgrob Buchtal, Knauf Insulation, Velux, Alumil…
На настанот говореа видни имиња чии проекти се меѓународно наградени ( Iconic Awards, Wan Awards, Architizer a+ award, Mies van der Rohe Awards, World Architecture Festival, MIPIM, German Iconic Awards, World’s Best International Highrise Architecture -International Property Awards, European Property Awards, Aga Khan Award for Architecture .)
По свечените говори на претседателите на организацијата и асоцијациите со кои се отвори настанот, преку презентации се претставија архитектите: Керем Јазган (Yazgan Design Architecture), Johannes Baar – Baarenfels(Baar-Baarenfels Architekten ), Ангел Захариев (A&A ARCHITECTS OOD), Џузепе Фарис (Studio Farris),Пако Радовановиќ (РАДО Инженеринг Скопје), Јана Гугуловска (RADiUs Architects), Ѓорѓи Мојсов (ГМС), Илир Мурсели(MA+P) и Бесиан Мехмети (БМА) .
Настанот се заокружи со специјалниот гостин, архитектот Maurizio Meossi, senior Associate of Zaha Hadid Architects кој ги сподели искуствата стекнати преку резиденцијалниот комплекс CityLife Milano.
Автор на статија: marh
International Architecture Forum / Share Skopje / ААМ / Конференција / хотел Мериот