Горенички мост – Дебарско

Изградба: во време на Османлиското владеење

Локација:  река Радика, брана Шпиље

Гореничкиот мост бил позициониран во близина на Дебар, по течението на реката Радика. Мостот претставувал реперна точка во тој регион, каде месноста сеуште така се нарекува.  Се карактеризирал со три арки, од кои средната е најголема и го премостува речниот тек , додека страничните се идентични и видно помали. Меѓу арките –  две „мостовски ниши“. По слободна проценка, според приложената фотографија, неговата должина надминувала 50 м.

Ваков тип на мостови биле карактеристични за Османлискиот период, но повеќето од нив на територијата на Република Македонија се срушени или демонтирани во XX век, особено во поствоениот период.

@Wikimedia 

Ситуацијата со Гореничкиот мост е слична, неговото демонтирање се случува во периодот на изградбата на браната „Шпиље“ на Дебарското Езеро. Интересен е фактот дека овој мост бил грижливо демонтиран (поради статусот на културно наследство) и притоа секој камен бил маркиран и одбележан  за повторнa неговa реизградба на друга локација по течението на Радика. Се чувале остатоците во објект во близина на „Бошков мост“, но како одминувале годините тоа не се случило, а веќе се шпекулира дека каменот е реискористен во други цели. Како е возможно да се случи вакво нешто и притоа никој да не одговара пред законот, е само дел од општата приказна за  негрижа на културното наследство во Македонија?!

Ф.К