АЛАЏА ЏАМИЈА /ИСАК – БЕГОВА ЏАМИЈА 1438

Година :1438 – 39,

Локација: Бит Пазар, Скопје

Извор: Кумбаџи – Богоевич, Османлиски Споменици во Скопје, Скопје 1998

Фото: Кумбаџи – Богоевич, Османлиски Споменици во Скопје, Скопје 1998,

01

Сместена во Бит Пазар, поточно на самата (сегашна) граница на Чаршијата, Алаџа Џамија е еден од најпрепознатливите Османлиски споменици во Скопје. На нејзините натписи го среќаваме името на познатиот турски војвода Исак – Бег како нејзин патрон. Впрочем тој ja прави оваа зависка или повеќенаменска џамија, која е дел од поголем комплекс, каде не служела само за релгиски цели, туку во склоп со останатите функции на другите објекти. Тука биле сместени и конаци, турбе, имаретска (народна) кујна, првата библиотека во Скопје, и славната медреса (верско училиште). Во медресата предавале и престојувале славни научници од тоа време, па и поетот Евлија Челевија.

02.1

Првично таа била џамија создадена од еднокуполно главно одделение и трем. Потоа во 1519 и се додадени страничните одделенија, покриени со коритести сводови, како и додадени полиња на тремот. Со ова „Алаџа Џамија“ спаѓа под типот на џамии со странични оделенија, типични за Турско – селџучката школа, од која како пример ја издвојуваме Зелената Џамија во Бурса. Специфичното е што во Скопската Шарена Џамија оделенијата се отворени и заедно го сочинуваат главниот молитвен простор – мусала. Интервенциите на тремот се состојат од негово проширување и покривање со еден коритест свод и две куполи во крајните полиња. Дополнително се продолжуваат бочните ѕидови затварајќи го овој трем и претварајќи го во поинтимен простор, пригоден и за молитва. Во дебелината на едниот таков страничен ѕид сместени се и скалите кои водат до минарето.

03 Основа на „Алаџа Џамија“

05 Пресек на „Алаџа Џамија“По вертикала, стариот – централен дел, е најголем и покриен со богато декорирана кришкаста сегментирана купола која се носи на пандантифи. Најинтересен орнамент се мукарнасите, сталахтитни обици издлабени од мек камен, кои не само што ги красат плафонските површини туку и помагаат во благи намалувања на распоните. И двата начини на покривање, куполата и сводовите, се слепи или без отвори, но, осветлувањето е надокнадено со прозорски отвори кои се распоредени во два реда на трите страни од обвивката.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Од надворешната декорацијата најмногу отскокнуваат плочите на лаците од тремот со вегетативни форми, мукарнасите по шерефето на минарето, а и прозорците украсени со дебели рамки и цветови во лаците. Начинот на ѕидање е инспириран од Византија и е многу специфичен поради својата прецизнос на уредно редење на речиси совршено изделкан ред камења и редови тула, во шема така наречена опус листатум.

07

Но истрајноста на материјалите на орнаментите била исцрпена во два катастрофални наврати: пожарот во 1689 и земјотресот во 1963, па и многу од декорациите биле уништени од кои само дел се денес рекоснтруирани. Од се, најголемата штета е губењето на елементот кој и го дал и иметот на Алаџа (Шарена) Џамија – нејзината фасадна обработка од разнобојни керамички плочки.

08

Плочките денес може да ги сретнеме на реконструираната декорација на турбето, позиционирано позади џамијата. Тоа е шестострано, покриено со купола, од секоја страна врамено со рамки и детална обработка на камен. Керамичката декорација е составена од сино – тиркизни нијанси на тамбурот и во лаците, во убави геометриски форми, розети и ѕвезди. Заедно со Јени џамија во Битола ова се единствените објекти на територијата на поранешна Југославија каде се забележува декорација во фајанс.

09

Знаејќи дека ктиторот, Иса – бег, е погребан одспротива, во турбето пред Саат – кулата, останува прашањето: чие тело е погребано во ова „шарено“ турбе?

11

Денес Алаџа Џамија е заградена од модерното Скопје, преку две сообраќајници кои значително и го скратија целиот нејзин комплекс а и самиот двор. Но таа, со своите шарени плочки продолжува да го фаќа окото на многуте минувачи дневно и барем на кратко да ги потсети за нејзината исклучителна убаина и вредност.

12

http://www.panoramio.com/photo/103182171

http://volanskopje.blogspot.mk/2009/06/ishak-bey-aladja-mosque.html

http://www.upcscavenger.com/wiki/skopje/#page=wiki

Материјалот го приложи и обработи: Ноеми Чаусидис

 

Автор на статија: