ГО САКАМ ГТЦ!

Денес, со почеток во 19:00 часот се одржува по вторпат, иницијативнниот собир “Го сакам ГТЦ”, организиран со подршка на ААМ ( Асоцијација на архитекти на Македонија).  По втор пат ќе го гушкаме ГТЦ со цел да се искаже ставот против неговото рефасадирање, да се покаже став против шминката на градот што ја прави контроверзниот и неоправдан проект „Скопје 2014″. На настанот ќе говорат повеќе добронамерници, ќе има и музички дел од групи кои ја подржуваат оваа иницијатива.

Марх смета дека треба да се покаже став, за сите објекти нападнати од наездата без селекција на помалку и повеќе вредни  и ја охрабрува секоја иницијатива која се занимава со тоа

Бидете таму, и покажете став за вредностите на македонската архитектура!

Автор на статија: