Д.Т.Ц „Мавровка “ – Скопје
23.03.2016 • ХХ век / II половина
Фотографии: Борис Јурмовски
Автори: Здравко Рафаиловски, Донка Петкова – Костиќ
Соработници: Миле Недевски, Светлана Нинова, Љупка Апостолоска, Анѓа Смилевска, Андонија Петрова
Година на проектирање: 1985-86
Изведувач: ГРО МАВРОВО
Извор: Бимас 1987
Со објектот се заокружува реализацијата на урбанистичкиот план на потесното градско јадро. На приземје, мезанин, сутерен и визба се застапени следниве содржини од јавна намена:
-стоковна куќа, хипермаркет, специјализирани продавници;
-угостителски локали, ресторани, пицерија, слаткарници;
-кино сала за 400 гледачи;
-експозитури на банки, пошта, аптека, туристички агенции;
-локали за малото стопанство во кои се застапени и стари занаети;
-магацински простор, засолниште,машински инсталации, диспечерски центар и паркинг за 100 возила;
-0д I-X кат е проектиран деловен простор.
Вкупна површина на центарот изнесува 29 500 м2,
Објектот постепено израснува од пониски кон повисоки катности, давајќи му посебен акцент на аголот кон раскрсницата.
Автор на статија: marh
Донка Петкова - Костиќ / Здравко Рафаиловски / Мавровка / Трговски центар