Детска градинка во Мојковац / Ивановска
02.07.2016 • ХХ век / II половина

Детска градинка: “Јевросима Рабреновиќ“
Локација: Мојковац , Црна Гора
Автор: Снежана Ивановска
Година на проектирање: 1986
Година на изведба: 1987
Изведувач: ГРО „Пелагонија“ ООЗТ V градилиште – Скопје
Извор: Бимас 1987
Објектот претставува проширување и доградба на постојната детска градинка “Јевросима Рабреновиќ – Јевра“ во Мојковац. Сместена во станбена зона на градот. Предвидено е објектот да се гради во две фази.
Во првата фаза е предвидена изградба на простории за престој за деца од предучилишната возраст (3-7 год.) Во оваа фаза се проектирани: влез со тријажа, три занимални со простори за гардероби, санитарни простории, централен хол-поливалентен простор, трпезарија која со монтажно-демонтажна преграда е поврзана со централен простор, главна кујна со потребните економски простории и посебен економски влез.
Во втората фаза е предвидена изградба на фискултурна сала за игра на децата, административни простории, просторија за медицинска сестра и потребните санитарни простории.
Како посебен објект од градинката се проектирани склад за јаглен и котларница.
Ф.К

Автор на статија: marh