Дизајнерска игра со традицијата/ Кирче Стојоски

Автор: Кирче Стојоски

Контакт: www.facebook.com/kircestojoski/

Целта на овoj проект е да се претстави продукт дизајн и дизајн на мебел кој едновремено ќе биде традиционален и иновативен благодарение на користењето на традиционални техники (занаети) или форми инспирирани од традицијата со идентификација на македонската култура во современ контекст.

3Креирањето на вакви продукти можеби повторно ќе го потикне изучувањето на традиционалните занаети кои се во изумирање а ја докажале нивната вредност низ времето. Што може да биде по специфично од уникатен дизајнерски предмет специјално дизајниран „за тебе“ преку користење на занаетчиски техники од кој ќе произлезе современ продукт со уметнички вредности кои би го зазел своето место во светот на дизајнот каде доминираат производи масивно произведени на индустриски начин.

4

Предметите претставени на оваа изложба опфаќаат комбинирање на повеќе традиционални занаети т.е техники на изработка како копаничарство, грнчарство, опиничарство, ткаење, ковачки занает итн.

5

Сегашноста и минатото се ставени во дијалог меѓу себе што резултира со изненадувачка приказна и уникатен дизајн продукти со душа и приказна кои пренесуваат и предизвикуваат љубов и внимание.

2

Ова е обид на дизајнот преку игра со минатото и користењето на традиција со ново значење во форма и фунцкија, повторно да ги истакнеме нашите културни вредности од минатото но и сегашноста. Секако овие продукти се со нагласена уметничка вредност идентификувајќи карактер на скулпторалност својствен на личниот творечки идентитет на авторот.

Материјалот го приложи и обработи: Тамара Георгиевска

 

 

Автор на статија: