Доделуваме благодарници за втората година 2015-16

По повод вториот роденден на МАРХ,  доделуваме благодарници на оние кои во изминатата година не подржаа во мисијата и воедно интегрираа во нивните делувања на македонската архитектонска сцена.

1.Првата благодарница ја добива скопското студио АРХИПУНКТ, за организација на работилницата АРХИВИКИ, која ја сметаме како допринос во промоцијата на домашната и странската архитектура на македонски јазик во нет просторот. На истата МАРХ зема учество како соработник на покана на Архипункт, за што сме искрено благодарни!

%d0%b1%d0%bb%d0%b0%d0%b3%d0%be%d0%b4%d0%b0%d1%80%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d1%80%d1%85-%d0%b7%d0%b0-arhipunkt-2016

2.Втората благодарница ја добива Википедија слободната енциклопедија на македонски јазик, за  промоцијата на македонската архитектура во нет просторот. Тимот на македонската Википедија беше дел од гореспоменатата работилница, и е чест извор на податоци во креирањето објави на marh.mk. Благодарност за соработката!

%d0%b1%d0%bb%d0%b0%d0%b3%d0%be%d0%b4%d0%b0%d1%80%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d1%80%d1%85-%d0%b7%d0%b0-%d0%b2%d0%b8%d0%ba%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d0%b4%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d1%81%d0%bb%d0%be%d0%b1

3.Третата благодарница ја добива Биеналето на македонска архитектура, Бимас 2016, коe оваа година покажа инзвонредна програма . Во настанот МАРХ беше вклучен во проектот „Рециклиран град“ на  кој за првпат се претставивме со изложба од доменот на архитектонско-урбанистичка анализа и критика, насловена како  „Скопје – невидлив урбанизам“. На одборот на Бимас, воедно и на ААМ им благодариме за интегрирањето на МАРХ во настанот и нивната мисија!

%d0%b1%d0%bb%d0%b0%d0%b3%d0%be%d0%b4%d0%b0%d1%80%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d1%80%d1%85-%d0%b7%d0%b0-%d0%b1%d0%b8%d0%bc%d0%b0%d1%81-2016

СЕКОМУ ДОБРО!

Тимот на МАРХ

Автор на статија: