Дом за стари лица – Штип / конкурсен труд на Стокуќа

Година: 2011

Автор:Симона Шандуловска Ѓорѓиевски, диа

Фирма: СТОКУЌА ДООЕЛ

16

1 situacija

2 podzemno nivo

 Објектот од сите страни е поставен слободно на локацијата (слободно стоечка градба со четири фасади со отвори), и е од атриумски тип. Формата се состои од два сегменти со основа во вид на буквата “L”, меѓусебно поврзани со мостови на првиот, вториот и третиот кат, а на приземјето се јавуваат пасажи за надворешен пристап до внатрешниот двор со парк. Ваквата форма овозможува визуелна ориентација не само кон непосредното опкружување, туку и можност за ориентирање кон внатрешноста на парцелата преку формирање и уредување на слободен простор-двор со интимен карактер.

3 prizemje

Приземјето има јавен карактер и тука се сместени: администрација со административен персонал (со посебен влез), здравство и здравствена нега (со посебен влез за вработените и пристап за амбулантно возило), простории за забава и рекреација (кафе-бар, продавница, берберница, голема заедничка дневна соба, ресторан, кино сала) и економски простории (главна кујна за приготвување храна за ресторанот, магацински простории и прирачни магацини, хигиенски персонал).

4 prv kat

Првиот, вториот и третиот кат имаат приватен карактер и тука се јавуваат станбените единици (соби) кои се со северна ориентација, визуелно ориентирани кон детското игралиште кое граничи со локацијата, и кон внатрешниот двор-парк на локацијата.

5 vtor kat

6 tret kat

Покрај соби се јавуваат и простории за групно дружење, простории за негуватели, економски простории (перални, сушални) и големи лоѓии-чардаци со јужна ориентација. Собите се двокреветни и еднокреветни. Тие се физички поврзани меѓусебе преку заедничка чајна кујна со простор за јадење, и заедничка бања (само кај еднокреветните соби) и секоја има независен надворешен пристап како и балкон со различна обработка на оградата со што се овозможува чувство на индивидуалност на корисникот.

7 preseci

Вака организирани станбените единици создаваат психолошки момент на сопствено живеалиште. Секоја бања ги има потребните димензии за овозможување непречно движење за лица со посебни потреби и движечки помагала.

Во подземното ниво се јавува паргинг простор, технички простории неопходни за нормално функционирање на објектот, како и мртовечница до која има брз и јасен пристап со возило.

8 preseci

Урбанистичката парцела гравитира према југ и исток према улиците “Драги Крупишки” и “Београдска” од каде се двата пристапа до парцелата како колски така и пешачки. Главниот пристап во локацијата (посетители, персонал, возила на ургентни служби), се одвива преку станбената улица “Београдска”, додека споредниот пристап (економија) се одвива преку улицата “Драги Крупишки”. На возилата на ургентни служби им е обезбеден јасен и брз пристап на начин што влезот во локација е преку улицата “Београдска”, движењето се одвива преку улица специјално наменета за ваков тип на возила која ја тангира северната граница на парцелата, а излезот е на улицата “Драги Крупишки”.

9 izgledi

Паркирањето е решено во рамките на парцелата и тоа преку надземен паркинг, со капацитет од 16 паркинг места, и подземен паркинг (ниво -1) пристапен преку рампа, со капацитет од 24 паркинг места.

14

Конструктивниот систем е формиран со бетонски столбови и греди. Фасадата на објектот се карактеризира со панели со различен дезен и колорит, со што се создава игра на бои и материјали, а во комбинација со чардаците, балконите и стаклените површини се создава динамичен и возбудлив израз.

15

На северно ориентираните фасади како материјал се јавува дрвото, со што се создава чувство на топлина, а разиграни елементи се балконите од станбените единици, секој со различен третман на оградата и со различна позиција. На јужните фасади доминираат чардаците кои со својата монолитна обработка (дрвена обработка на подот, плафонот и ѕидовите), контрираат на разиграниот колорит на фасадните панели.

10

12

19

17

Ф.К

Автор на статија: