Едукативен центар за екологија, заштита и менаџмент на животната средина / Трајаноски

Студент/автор на проектот: Љубен Трајаноски

Архитектонско студио 5.2 – Архитектонски факултет, Скопје

Под менторство на: Владо Данаилов
Предметен професор: проф. д-р. Анета Христова – Поповска

Педагошки тим: проф. д-р Анета Христова – Поповска, вонр. проф. д-р Михајло Зиноовски, доц. д-р. Мери Батакоја, Владо Данаилов, Елена Тасевска и Михајло Стојановски.

Локација: Демир Капија

Задача: Едукативен центар за екологија, заштита и менаџмент на животната средина        

Учебна: 2016/2017

Тезата на замислениот објект има за намера да ја вдоми целата култура за екологијата и заштитата на средината. Следствено, целосно логично е тој -дом на природата- да биде дел од самата топографија. Со таа цел како една од почетните водилки во реализирањето на оваа идеа остана позиционирањето на објектот под нивото на теренот.

Со ова, објектот станува философски и буквално, дел од природата. Како проблеми и потреби, ваквиот пристап нуди нови просторни карактеристики и квалитети. Истражувањето продолжи со барање на систем на обликување со цел воведување ред на големиот подземен простор.

 

Процесот отпочна со систематско делење на локациската форма. Бидејќи локацијата има амбивалентен карактер се појави потреба за наоѓање ред. Правците кои се поставуваат како вештачка матрица се вертикалниот и хоризонталниот. Од оваа класификација на квалитетите на големата површина што ја има локацијата утврдуваме која програма за каде е погодна.

Обликувањето отпочна од посакуваното толкување на големиот број на барања со неодредена очигледна поврзаност во кластери кои логично се поврзани меѓусебно. Како концепт-водич стана намерното одделување на програмите во посебни целини кои ќе бидат драстично различни помеѓу себе, во обликување и обработка. На овој начин ја толкуваме разноликоста на екологијата за која е посветен овој едукативен центар.

5-та фасада

-петтата фасада е резултат на зениталното отварање на сите програмски волумени. Поради позиционирањето на поголемиот дел од објектот под нивото на теренот, зениталното осветлување е единствен начин на справување со потребата од сончева светлина.

Сензибилност кон дадената локација

-програмската диспозиција е директно под влијанието на карактеристичната локација дадена како услов. Како клучен дел од овој принцип на носење на обликовни одлуки е и близината на коловозот, кој го носиме директно во подрумот на објектот (паркинг).

Тектоника

-поради неговата воглавно хоризонтална распространетост, објектот мора да се развива на само неколку нивоа со цел да се избегне преголемо длабење во теренот. Тоа подразбира сместување на голем дел од програмските барања на нивото -1, додека другите две нивоа играат улога на секундарни планови на дејствување.

 

Бариери и движење

-движењето е посебна тема разработена екстензивно во однос на секој блок. Движењето е принципиелно слично на темата на индивидуалните блокови. За пример, движењето во библиотеката е преку рампи кои се завиваат со истиот гест како што се витка празнината на плочите. На тој начин го иницираме целосното искуство во секој блок во вид на доживување на единствена тема.

Бариери и движење

-темата на ѕидот е уникатно решена и ја има главната улога во просторното претставување на драстично различните програмски целини. Резултатот на тектониката и различните висини кои се јавуваат при методското длабење во површината на локацијата е следниот:

  • двовисински ѕидни површини со висина до 10.50 метри
  • голема динамика при премин од еден во друга програмска единица.

-темата на ѕидот е уникатно решена и ја има главната улога во просторното претставување на драстично различните програмски целини. Резултатот на тектониката и различните висини кои се јавуваат при методското длабење во површината на локацијата е следниот:

  • двовисински ѕидни површини со висина до 10.50 метри
  • голема динамика при премин од еден во друга програмска единица.

Носачи

-конструкцијата е обликувана на основа на модуларниот систем М = 800цм. Големите распони овозможуваат максимално искористување на големата локација, каде вдомуваме и содржини од неформален карактер. Висината на столбовите во подрумот варира во однос на делот од објектот што го носи. Висините варираат од 5 метри до 8 метри овозможувјќи лесен пристап за сите типови на возила.

 

Ф.К