Изложба во најава – „Македонски архитектонски атлас“/ 18.09.2017
16.09.2017 • Информации
Изложбата „Македонски архитектонски атлас “ го промовира долгогодишниот проект, воден под истото име и континуирано разработуван од страна на Проф. д-р Анета Христова и Доц. д-р Мери Батакоја како дел од архитектонската продукција на тлото на Република Македонија во периодот на XX век : почетоците на модернизмот и модернизацијата (192отите и 1940тите), период на систематска(идеолошка) модернизација и воспоставување на институционална рамка на модерната архитектура (1950ти и 60ти), како и доцно-модерната и постмодерната архитектура (1970ти-1990ти години).
Изложбата се состои од аналитички и графички материјал, подготвени како дел од истражувачките активности на студентите на Архитектонскиот Факултет при УКИМ, по наставната програма на предметите Архитектонско проектирање 4 и Теорија на архитектурата, предводени од авторите.
Истите бројат 70 архитектонски дела претставени преку графички прилози и 20 дела претставени преку аналитички модели од областата на јавните згради на територија на Р. Македонија, како и краток филм кој го сумира истражувањето.
_ _ _
Изложбата „Македонски архитектонски атлас“, ќе се отвори во понеделник, 18 09 2017 во 19 00 часот, во галерија „Ко-Ра“ (Дом на култура „Кочо Рацин – спроти гимназијата Јосип Броз Тито).
Ф.К
Автор на статија: Filip Koneski
Анета Христова / Изложба / Истражување / Македонски архитектонски атлас / Мери Батакоја