Изложба ,,Вредности на формалниот јазик во Македонската сакрална архитектура”
28.11.2017 • Изложби Информации
Архитектонски Факултет – Скопје
Универзитет ,,Св. Кирил и Методиj”
Локација: Македонска Академија на науките и уметностите, МАНУ
Датум: 29.11.2017 година
Отворање: 12:00 часот
Проектот се однесува на истражување на формалниот јазик во македонската сакрална архитектура и неговите вредности. Во методолошка смисла, се состои прво во документирање на архитектонското дело како целина. Потоа негово расчленување во структурални теми и на крајот на архитектонски елементи. Покрај типолошката дефиниција, предмет на анализа се и композициските својства, изразени и преку постоење на одредени пропорциски аналогии, ритми и симетрии.
Вредностите на архитектонските простори се резултат на последователност и поврзаност на елементите и синтаксичките постапки со контекстот, формален и општествен, социјален. Нивното констатирање во сегашната, современа архитектонска пракса, живот бидејќи архитектурата е активна, динамична рамка на животот, на човекот, е важно заради ерозијата на вредностите, која потекнува од наметнатите социо-културни динамики. Тие крајно доведуваат до отуѓеност на човекот од просторот, т.е. од човекот, и на крај од самиот себе. Целта ни е да се створи можност за нивно враќање во секојдневната употреба.
Конкретно, предмет на споредување, анализа се архитектонски објекти, цркви од нашето средновековно наследство. Тоа се:
– црква Света Богородица Елеуса (Милостива) – Вељуса, Струмица;
– црква Успение на Пресвета Богородица – Матка, Скопје;
– црква Успение на Пресвета Богородица – Трескавец, Прилеп;
– црква Свети Ѓорѓи – Старо Нагоричане;
– црква Света Софија – Охрид;
– црква Свети Пантелејмон – Нерези, Скопје;
– црква Свети Архангел Михаил – Варош, Прилеп;
– црква Свети Димитрија – Варош, Прилеп;
– црква Свети Никола – Варош, Прилеп.
Изложбата на овој проект има за цел да ги обележи јубилеите по повод 50 години од возобновување на автокефалноста на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црвка (1967-2017) и 50 години од основањето на Македонската Академија на Науките и Уметностите – МАНУ.