изложба „Furnitureismus“ 11-ти декември (четврток)19 часот

LifeStyleFactory по Берлин, со „Furnitureismus“ изложба во Скопје

Од 11-ти до 17-ти декември во „MAD kitchen & bar“ во Дебар Маало, LifeStyleFactory на Тања Добровоцки ќе има своја самостојна изложба насловена како “Furnitureismus“. Дарко Лешоски, како специјален гостин, официјално ќе ја отвори изложбата на 11-ти, четврток, во 19 часот.

IMG_1701

„Целта на “Furnitureismus“ е да се донесе Берлин и кај нас. Односно, сѐ што беше презентирано во „Прима Центарот Берлин“ на „Postwalterismus“ изложбата, да им се претстави и на домашните љубители на архитектурата и дизајнот. Значењето на секое учество и соработка надвор од нашата држава е многу поголемо доколку се сподели со лицата кои го исполнуваат моето секојдневие. Моето дејствување и создавање како дизајнер и архитект е во Македонија, така да сметам дека за интернационалните проекти на „LifeStyleFactory“ луѓето од тука не треба да се информираат само од медиуми. Токму и затоа се прави оваа изложба, за да може секој да дојде и да ги види моите дизајни, бидејќи пред сѐ истите се создадени за нив и инспирацијата е добиена од ова тло.“ – изјави Тања Добровоцки.

IMG_1515

Посетителите на “Furnitureismus“, покрај видеото, 18-те предмети во форма на макети и чиниите со карактеристични македонски етно мотиви кои беа претставени на „Postwalterismus“ изложбата, ќе можат да видат и неколку други предмети кои ќе бидат поставени специјално за оваа изложба. Исто така, како благодарност, секој од посетителите ќе има можност да добие уникатно идејно решение за парче мебел, дизајнирано според нивниот карактер и нивните желби.

IMG_1694

EthnoCube poster od Das ist Walter izlozba

DSC_0640

Автор на статија: