Иницијатива: „Да го спасиме шеталиштето на кејот на Скопје”

Град Скопје, деновиве соопшти дека планира изградба на улица на кејот 13 Ноември. Истата во минатото беше планирана да биде подземна како би се одбегнало узурпирањето на јавната површина и сечењето на вертикалното зеленило.

Според новата идеја на градските власти  три четвртини од широчината на Kејот 13 Ноември ќе се реконструираат, а една четвртина ќе биде сообраќајница.

„Шеталиштето поради тоа е нефункционално, особено во последните две години откако е отворено и таму сега секој може да влезе со автомобил и да се паркира каде сака.

Обновата на шеталиштето, ќе се одвива на потегот од Kамениот мост до хотелот „Холидеј ин“. Просторот што сега е оштетен од возила и градежни машини и практично е нефункционален за пешаци, набрзо ќе се реконструира, најавуваат градските власти”

На овој предлог имаше веднаш реакција од жителите на Град Скопје кои создадоа иницијатива „Да го спасиме шеталиштето на кејот на Скопје”, која во текот на вечерта обезбеди повеќе од 5000 симпатизери на социјалните мрежи. Беше соопштено дека се работи за граѓанска иницијатива која има конкретно барање, формулирано во соопштение:

12009629_772502239539950_6947870118960622101_nДоколку сакате да сте во тек со иницијативата, истата следете ја на нејзината facebook страна

 

Автор на статија: