Инстархитекти – втора изложба на Instagraphy

Инстархитекти е серијал статии на блогот Instagraphy посветени на светската и домашната архитектура кој премина во фото предизвик и ќе резултира со мултимедијална интерактивна изложба.

Тука можат да се прегледаат сите статии на блогот кои припаѓаат под поимот инстархитекти: http://instagraphy.net/tag/instarhitekti/


Фотопредизвикот се одвиваше во период од 5 седмици и резултираше со вкупно 50 фотографии избрани од членовите на блогот.

Покрај 50те изложени фотографии ќе бидат прикажани и 5 постери од наши дизајнери и тоа: Teano Kardula, Goce Veleski (Омајгад), Nebojsa Gelevski, Ivan Petrushevski (Flim) и Филип Конески (Marh) инспирирани од самиот фото предизвик.

Постерите се објавуваа паралелно со секоја селекција на 10 фотографии при седмица. Исто така, авторските фотографии на членовите од блогот ќе бидат нападнати од монстерчињата на нашиот познат Dreadpen. Фотографиите се се уште мистерија, ќе бидат прикажани пред сите на самиот настан. Покрај тоа, на оваа изложба ќе се продаваат стикери т.н. sticker pack по промотивна цена.

За крај, на сите гости ќе им биде овозможено да ги изнесат своите креативни идеи од областа на архитектурата врз црни хамери поставени во локалот. Ова е само дел од целата интерактивна изложба закажана на 08.06 (четврток) во 21ч. во Concept 37. Изложбата е од хуманитарен карактер. Дизајн на официјален постер за изложба : Петар Аврамоски