Каде почива Андреја Дамјанов ?

Големиот македонски градител од XIX век, Андреја Дамјанов роден во селото  Папрадиште, претставува симбол на македонското неимарство. Потекнувал од познатото уметничко семејство Рензовци. Неговата сфера на творештво главно била насочена кон сакралната архитектура, но проектирал и објекти од профаната архитектура.

Најуважуваната награда за  архитектура во Македонија, ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија, и истата го носи неговото име. Неговата биста можеме да сретнеме и во дворот на Архитектонскиот факултет во Скопје. Меѓутоа дали знаеме каде е неговото вечно почивалиште?!

Sv. Pantelejmon Veles_marh_6

Дамјанов е погребан на гробишата веднаш под неговото можеби најраскошно дело на територијата на Вардарска Македонија, црквата Св. Пантелејмон во Велес.

Sv. Pantelejmon Veles_marh_7

За жал неговата големина како личност и дело, не го поштедила од фавелскиот принцип на гробишта, на кои не им се знае ниту почетокот ниту крајот.

Grobot na Andreja Damjanov_marh_5

Одговорните не се сетиле, дека можеле да остават бар малку простор од страната, колку да може да се пристапи до него. Во моментот додека стоите до гробот, веќе сте над нечиј друг гроб, што е несоодветно.

Grobot na Andreja Damjanov_marh_2

Гробот е половина во една, половина во друга гробна парцела. Дали треба да се размисли за целосно негово преместување во дворот на црквата Св. Пантелејмон, заедно со мермерниот „саркофаг“, или треба да се подигне посебен објект за него, е прашање кое треба да се актуелизира.

Grobot na Andreja Damjanov_marh_1

Што мислите вие за предлогот, дали е во ред, или имате поинаква идеја? Можете да одговорите во коментар на нашата fb страна или испратете ни порака на меилот contact@marh.mk

Ф.К

Grobot na Andreja Damjanov_marh_6

 

 

Автор на статија: