Како да ги подготвите проектите за објава на нашата страна
23.05.2017 • Информации

Страната marh.mk се бави со презентација на македонската архитектура низ сите нејзините периоди. Најзначајната категорија која се стремиме да биде најчесто актуелна е категоријата „XXI век“, во која треба да го архивираме и презентираме тековното творештво на професијата, со што ќе го приближиме до пошироката јавност. За жал архитектонските студија сеуште не покажуваат доволна иницијатица од сопствена страна и не чувствуваат потреба бесплатно да ги промовираат своите трудови, без разлика дали се реализирани или не.
Креирањето на активна сцена не може да се постигне без јавната презентација на работата и можност да се следиме еден со друг, да научиме или да се надмудруваме помеѓу себе. Затоа нашата мисија е да ги потикнеме архитектонските студија, студентите, општините и сите останати од полето на интерес, самостојно да ги приложуваат проектите за објава.
Како да го подготвите материјалот за објава?
Приложете:
-текст зачуван во Word 2003, не подолг од две А4 страни, големина на фонт 12 ( напомена: текстот да е испишан со македонска подршка без македонски фонт)
-монтажи, визуелизации (jpg, png, bmp)
-фото од модел (jpg, png, bmp – не поголеми од 1,3 Mb од фото),
-основи и пресеци во jpg или png формат ( не поголеми од 1,3 Mb од датотека).
-изјава
Сето тоа да биде обединето во еден ZIP или RAR фолдер: НАСЛОВ НА ПРОЕКТ – АВТОР/И
Напомена: Проекти испратени во pdf презентација, не се прифатливи!
Со испраќањето на проектот вие се сложувате на негово јавно објавување на страната, објавување во печатените изданија на МАРХ и воедно сте свесни за јавната достапност на истиот. Сепак во посебен документ, доставете ИЗЈАВА – дозвола за јавна презентација во pdf
Проектите испратете ги на contact@marh.mk

Автор на статија: marh