Калатрава ќе го проектира новиот мост на Вардар?!

Денес во соопштение до јавноста, општина Аеродром ги соопшти плановите за новиот мост на Вардар. Истиот треба да ги поврзе бул. „АСНОМ“ и бул. „Гоце Делчев“, како дел од новиот булевар, кој ќе минува покрај паркот на езерата. Како што беше соопштено во јавноста, довербата за овој проект му е доделена на големиот шпански архитект Сантиаго Калатрава .

1vi april Kalatrava Aerodrom

Калатрава бил консултиран што мисли за тековниот проект што се одвива во Скопје,  на што одговорил со воодушевување. Поради  ваквата пријатна реакција општината и градот заеднички решиле да направат отстапка од тековниот стил на Скопје 2014 и да дозволат овој нов мост да го проектира Калатрава.

Aprilili Calatrava 2

Според неофицијалните детали, градоначалниците поставиле услов, мостот да е што посличен на оној во Севиља, Шпанија.

Aprilili Calatrava 1

Априлили!  🙂  За жал ваквите информации за Скопје се далеку од реалноста, и ваквите вести ќе ги читаме како шега за 1ви Април.   Со надеж дека ќе се промени ситуацијава еден ден, Марх ви посакува пријатен ден, одморете малку од темите поврзани со лошите проекти! 🙂

 

Автор на статија: