Кандилабри на мост „Слобода” / 1936-2015
30.04.2015 • Урбана опрема
Мостот „Слобода” (првично име Моша Пијаде) ја премостува реката Вардар на булевар „Филип Втори Македонски” .Изграден е пред поделбата на Македонија ( се појавува на фотографија од 1911), каде се забележува дрвениот коловоз.
Формата која денес ја гледаме, но на старите фундаменти ја добива во 1936 година (според Wikipedia). Kомплетно саниран и рекоструиран e во 2011 и 2012 година. Во тек е неговото „дошминкување” со декоративна ограда вредна над 1.000.000 евра.
Има посебен пристап во начинот на поврзување со кејовите, кон кои се извива. Со тоа ја олеснува човечката позиција на движење-свртување.
Посебен детал на овој мост се кандилабрите, кои се втопени во архитектонското обликување на мостот, единствен ваков зачуван пример на територијата на Македонија(изникнуваат од бетонската структура на мостот). Овие кандилабри се оргинален пример и спомен на своето време.
Со монтирањето на новата ограда, почна нивното отстранување.
Обликувањето на овие кандилабри е нешто што не би требало да се игнорира како естетика и оргиналност. Но, тоа се некои нормални и етички принципи кои недостасуваат во новата интервенција на мостот. Естетиката што ја брка проектот „Скопје 2014″ ја промаши и еклектиката на овие кандилабри, што говори за игнорирање дури и на она кое е во прилог на тоа што сака да го постигне.
Автор на статија: marh