Клиника за кардиологија / Чајденов, Миладинова, Василева

Година на проектирање: 1980

Година на изведба: 1985

Автори: Љ. Чајденов, В.Љ. Миладинова, В.Василева

Инвеститор: ООЗТ „ Клиника за кардиологија“ при Медицински факултет Скопје

Изведувач: ООЗТ VII„ Градилиште“  Гранит

Извор: Бимас 1987


„На нашиот град му беше вистински потребна клиниката за кардиологија. Со нејзиното вклопување во кругот на Клиничкиот Центар таа заживеа за да ја  врши својата главна и основна функција – борба за човековиот живот.

Основа на приземје

Во приземјето се сместени влезната партија, амбулантите, лабораториите и просториите за настава. На катовите се сместени одделенијата за болните со операционите сали, додека во визбата е сместен ресторанот и помошните простории.“

Ф.К