„Кога зградите би зборувале“ – колаборативен двегодишен проект

„Кога зградите би зборувале“ е колаборативен проект кој ги разоткрива деликатните, скриени траги од бришењето на колкетивната меморија на локалната историја, сето тоа прикажувајќи го преку конкретни примери на урбани простори (комплекс на згради и нивното опкружување) кои се/биле значајни обележја во одреден град или област.


Овa бришење од сеќавањето води кон речиси непрепознатлива промена на локалниот контекст, влијаејќи на цели заедници и различни општествени слоеви како и на целокупното општествено ткиво. „Кога зградите би зборувале“ се обидува да зборува на креативен и интердисциплинарен начин за локалните урбани проблеми, некогаш поврзани со една поединечна зграда или блок за живееење или деловен простор во сите градови партнери на ова иницијатива – Скопје, Велград, Загреб.


Преку детална анализа на овие згради/блокови, контекстуализирани со нивната околина и историски развој, „Кога зградите би зборувале“ се однесува на тенденциите на (не)солидарност, деградација, обнова на реалноста – покажувајќи исто така кои се конфликтите во овие згради/блокови кои потенцијално отвараат процепи во генералната општествена структура.


Опкружувањето на „Кога зградите би зборувале“ е суровиот и непредвидлив период на таканаречената „транзиција” која тенденциозно ги чисти сите идеолошки, политички, социјални, културни и етнички компоненти на претходниот период. Во дивата и „наивна” желба за Европа, обидувајќи се да бидеме во чекор со доцниот капиталистички економски модел, овие политики имаат сериозно влијание врз заедниците но исто така и врз секојдневниот живот на индивидуите.


Поради сето тоа, проектот кој се развиваше во Скопје, Белград, Загреб и нивните локални заедници претставува агент кон промена на перцепцијата на мислење и делување, спроведувајќи една целосна агенда на активности како пефромативни структури на игри кои содржат елементи на театар, филм, предавање, претставени преку серија на јавни работилници и перфромативни шетачки тури/игри, каде што зградите претставуваат историски, политички, архитектонски и уметнички референтни точки.

Процесотот подразбира истражување на зградите: Железничка зграда во Скопје од ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/ Скопје, комплексот на згради Белвил во Белград во соработка со партнерот Супервизуелна и Фабриката Пенкала – Мостер во Загреб, во соработка со организацијата „Фрлачи на сенки“ од Загреб, во периодот од октомври 2015 – септември 2017 година.

Проектот е поддржан од Balkans Arts and Culture Fund (BAC). BAC е спроведуван од Швајцарската влада преку Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Европската културна фондација (ECF).

>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>

КОГА ЗГРАДИТЕ БИ ЗБОРУВАЛЕ
ДИСКУСИЈА ВО ДВА ДЕЛА
30.09.2017/ сабота
Кино на Железничка зграда Скопје (ул. Рајко Жинзифов, 36)
11:00 – 16:00ч.

11:00 – 13:00 прв панел
Модератор: Ивана Драгшиќ, социолог и културна работничка

Панелисти:
Ивана Васева, Филип Јовановски, студија „Железничка зграда“, Скопје
Саша Ткаченко, студија бизнис и резиденцијален комплекс „Белвил“, Белград
Борис Бакал, Сандра Ускоковиќ, студија фабрика „Нада Димиќ“ – фабрика „Мостер/ Пенкала“, Загреб
Претставници од куќен совет на Железничка зграда, Скопје : Слободан Кочевиќ, Томе Каревски, Иван Џијановски
И претставници од неколку институции

14:00 – 16:00 втор панел
Модератор: Дејан Ивановски, архитект

Панелисти:
Слободан Велевски, доцент на Архитектонски факултет на УКИМ, Скопје
Марија Мано-Велевска , доцент на Архитектонски факултет на УКИМ, Скопје
Хелена Стерпин, архитект, дел од инжињерскиот колектив „Пракса“, Пула
Тадеј Курепа, новинар, член на платформата „Кој гради град“, Белград

>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>

КОГА ЗГРАДИТЕ БИ ЗБОРУВАЛЕ
ПЕРФОРМАТИВНО – ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТ
01 октомври 2017 год./ 12 часот
Железничка зграда Скопје (адреса: ул. Рајко Жинзифов, 36)

Станува збор за повеќеслоен и мултидисциплинарен проект кој подразбира истражувачки процес обликуван во форма на перформанс на уметникот Филип Јовановски во соработка со архитектот истражувач Дејан Ивановски како и конференција и публикација, сето тоа курирано од Ивана Васева.
Во центарот на овој проект е Железничка зграда во Скопје, уникатна зграда во Скопје градена кон крајот на 40-тите години на минатиот век, пример за социјално живеење и делување која во своите рамки вклучува и кино и периметаски блок кој уоквирува двор.

Проектот е дел од фестивалот „Млад отворен театар“ во Скопје, во рамки на придружната програма.

Важна напомена: Овој проект може истовремено да биде проследен само за 32 присутни во публика. Тие кои сакаат да присуствуваат нека пишат во инбокс.

Автор: Филип Јовановски
Кураторка: Ивана Васева
Истражувач и ко-автор на сценарио: Дејан Ивановски
Креативен тим:
Актерки: Кристина Леловац, Сања Арсовска, Јасмина Василева, Долорес Поповиќ
Видео продукција: Илија Тирицовски
Дизајн на звук: Дејан Петровиќ
Учествуваат: Станарите од железничка зграда
Продукција: Оливер Мусовиќ

Кураторка на дискусијата и перформансот: Ивана Васева
Организација : ФРУ – Факултет за работи што не се учат, Битола/ Скопје
http://akto-fru.com/en/

Извор >>>