Комплекс „Стара железничка станица“ / Гулевски, Радоњиќ, Смилевски, Христов
05.12.2017 • Урбанизам ХХ век / II половина
Анкетен конкурс за архитектонско-урбанистичко решение за комплексот Стара железничка станица – Скопје / III награда
Автори: Мартин Гулевски, Миодраг Радоњиќ, Стефан Смилевски, Ранчо Христов
Година: 1993
Извор: Бимас 1993
„Со ова конкурсно решение се предлага ширење на градскиот центар кон Водно, префрлање на рангот од ул. „М.Хаџи Василев“ на ул. „Железничка“ и создавање градско јадро кое во себе интегрира повеќе функции, а наедно е и техничко решение за совладување на проблемот на Јужен булевар и неговото пробивање низ централното градско јадро, со што е можно помали проблеми и последици.
Предвиденото решение ги задоволлува сообраќајните барања и овозможува канализирање на брзата сообраќајница. Ова постигнато со поставувањето на „Т“ вливници и објекти паралелно со сообраќајницата по целата должина.
Примената на урбаниот блок во ова решение не е последица на тренд туку модел кој се потврдил во животот на градот. Сметаме дека на овој начин ќе се надгради старата градска матрица која со урбанистичкиот план од 1965 година е делумно нарушена.
Со понуденото решение е создадена пешачка зона која се потпира на аксијалната Бит-пазар – Плоштад – Железничка станица кон населбата Црниче и Клиничкиот Центар. На овој начин ги враќаме градот и улицата на граѓаните, а не на возилата.
Со предложеното решение е задржано постојното зеленило и е предвидено дополнување покрај и внатре – во блоковите.“
Ф.К
Автор на статија: marh
Мартин Гулевски / Миодраг Радоњиќ / Ранчо Христов / Стара железничка станица - Скопје / Стефан Смилевски