Конкурсен труд Geneva Impact Hub / Т.Стефан и К. Јана
11.03.2015 • Ентериер и мебел
Тип: тотал дизајн ( ентериерно решение, мобилен индустриски дизајн… )
Автори: Трајковски Стефан и Константинова Јана
Призание: Второ место
Што е Geneva Impact Hub?
Социјален бизнис центар-инкубатор или лабoраторија за иновации. Во него членуваат поединци кои креираат сопствена заедница со една заедничка цел, да создадат подобар свет преку соработка и посветеност.
Geneva Impact Hub е дел од ланецот на Global Impact Hub. Досега во светот се отворени 63 центри со преку 10 000 членови, на 5 континенти.
Конкурсна програма
Простор за соработка наменет за зближување на луѓето и нивните идеи. Тој би требало да е катализатор, место на поврзување и инспирација. Истиот треба да понуди флексибилен и динамичен дизајн, и секако да ја поттикне креативноста на членовите. Просторот треба да е во можност да се реорганизира бидејки програмата на Овој бизнис центар е секогаш различна.
Проект Constructor Kit
Името на проектот е Constructor Kit – “прибор” со сите потребни елементи за оформување на 5 те можни сценарија:
1/ Манифестации / Коктел забави / Зумба и Јога часови
2/ Изложби
3/ Работилници
4/ Простор за работа – ко соработка
5/ Конференции
Нашата цел беше да се издизајнира најмал број на парчиња мебел кои нудат можност за прегрупација во зависност од потребата а со тоа да се задоволат сите потребни функции на просторот во зависнот од тоа кое сценарио е посакувано.
Истите тие парчиња уредно се сместуваат во орман за мебел – Constructor Box, кој покрај тоа што има капацитет да ги смести сите потребни елементи од ентериерот, во себе содржи и сцена на извлекување, скриен простор за складирање, Velo-Hub елемент и зона за неформално дружење.
Покрај изработениот ентериер нашето решение понуди и бонус проект- алатки за промоција, Velo – Hub (мобилен Pop-Up елемент), брендирање на проектот и играчка во вид на макета од прототипот Constructor Kit.
Целосниот проект можете да го погледнете на следниот линк:
https://drive.google.com/file/d/0B8j69glDXV3MM2dmZmhNYmZHMGM/view?pli=1
Автор на статија: marh