Конкурс за детски едукативни инсталации
18.03.2017 • Конкурси
Град Скопје распиша конкурс избор на идејно решение и реализација на Детски едукативни архитектонски инсталации во зелениот појас на Парк „Македонија“, „Градски парк Скопје“ и Парк Шума „Водно“.
Конкурсот е јавен и анонимен, а право на учество имаат сите физички и правни лица со едно понудено решение. Секој учесник треба да достави по едно решение за сите три предвидени локации.
Трудовите се предааат на максимален формат 50/70 см во затворена обвивка.
Како и повеќе конкурси организирани од страна на градот и овој нуди оскудни технички информации.
Крајниот рок за предавање на трудовите е 23 март 2017 година, во архивата на град Скопје.
Конкурсната документација единствено можете да добиете преку страната за e-nabavki
Автор на статија: marh
Детски инсталации / Конкурс / Парк / Скопје