Конференција> Моделирање на јавниот простор(и) во културата
13.10.2017 • Информации
Скопје, 12-14 Октомври 2017 година
Конференцијата Моделирање на јавниот простор(и) во културата е една од активностите на Проектот Дисонантни (со)простори, чија цел е да понуди разновиден тематски преглед на „јавниот простор“ како физичка локација што создава општествени врски и „јавната сфера“ како збир на атрибути што придонесуваат кон формирањето на јавниот дискурс.
На конференцијата, јавните простори ќе се разгледуваат низ два различни аспекти:
- Ревизионизам и производство на историја на културата и институциите. Во овој тематски фокус главно ќе се занимаваме со модернистичкото наследство од поранешна Југославија, критички разгледувајќи го терминот „дисонантно наследство“ и неговото користење во современиот културен контекст. Уште една централна точка е историјата на развојот на институцијата во поранешна Југославија.
- Организациски и институтционално иновативни пристапи во управувањето со и моделирањето на институциите, или предлагање нови модели на јавни простори, како и нови модели на институции. Ќе се обидеме да испитаме разновидни пристапи како заедничките добра, учеството и корисништвото при моделирањето на новите јавни простори.
Покривањето на темите ќе одвива поделено во тематски целини со презентации, интервјуа, предавања, дискусии итн.
РАСПОРЕД
Четврток, 12 октомври
17:00 Кич-тура Скопје 2015 (Плоштад слобода)
19:00 Отворање
19:10 Каква е стратегијата за институционален развој на министерството за култура на Република Македонија? Министер за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски
19:30 Од од институирање до конституирањеуметничка автономија, Паскал Гиелен, Истражувачки институт, Антверп
20:45 Промоција на книгата Културна дипломатија: Уметност, фестивали и геополитика, учесниц(чк)и> Роберт Алаѓозовски, Министер за Култура на Р. Македонија; Милена Драгичевиќ-Шешиќ, Раководителка на Катедрата на УНЕСКО за Интеркултурализам, менаџмент во културата и посредување, Универзитет за уметност, Србија, уредничка на книгата; Лилјана Рогаќ Мијатовиќ, Факултет за драмски уметности – Белград, ко-уредничка и ко-авторка на книгата; и Билјана Тануровска Ќулавковски, Локомотива, Скопје, авторка на поглавје во книгата.
Петок, 13 октомври
10:00 Кратка презентација на проектот Дисонантни (со)простoри и културни простори за активни граѓан(к)и, Наташа Бодрожиќ, Милица Божиќ Маројевиќ, Ирина Љубиќ, Виолета Качакова и Билјана Тануровска Ќулавковски.
ТЕМА1: Јавниот простор во културата, институционалното дејствување во јавната сфера, Начини на уредување / локалниот контекст и специфики
10.30 Методи на институционално дејствување во јавната сфера: предизвици и остварувања, Проф. Милена Драгичевиќ Шешиќ, Раководителка на Катедрата на УНЕСКО за интеркултурализам, менаџмент во уметноста и посредување, Универзитет за уметност, Србија.
11:15 Модерира: Билјана Тануровска Ќулавковски; Учесниц(чк)и: Ана Жувела, Критичен придонес кон разбирањето на учеството: Поврзување на концептот со праксата; Маријана Цветковиќ, Поведување колаборативни уметнички практики во непријателска институционална условеност; Сања Ивановска Велкоска, Синдикатот на култура на Р.М. (СКРМ), неговата улога во реформирањето на јавните институтции во Македонија, Горан Ињац, Младинско гледалишче – Институционален пример за театарот како јавен простор.
ТЕМА 2; Јавните простори и нивната дисонантност – употребување, реупотребување или злоупотребување?
13:00 Модерира: Милица Божиќ Маројевиќ; Учесниц(чк)и: Наташа Бодрожиќ, Мотел Трогир; Драган Марковина, Сплит 3: Помеѓу модернизам и ревизионизам; Лилјана Рогаќ Мијатовиќ Обмислување на картографијата на јавниот простор и сеќавањето; Класке Вос, Градење на европски културни простори: Дискутирање на влијанието на европската културна политика по однос на концепциите на сеќавањето и идентитетот во Југоисточна Европа; Данило Прњат Додатно дополнителна настава / Домовите на културата од минатото и иднината; Горан Јанев, Неолибералното присвојување на јавните простори во пост(анти)социјалистичка Македонија
ТЕМА 3; Каков вид на јавни простори во културата ни требаат? Кому треба да му/и’ припаѓаат јавните простори во културата? Интервенции во владеењето, гентрификација на јавната сфера, мигрирачки институции, запустени простори
Модерираат: Славчо Димитров, Мартин Содеркамп и Билјана Тануровска Ќулавковски
15:30 – 16:15 Џиџи Аргирополу, Запустени простори: Поведување интервенција и Ивана Драгшиќ / Заедничкото како еманципаторска тенденција во времиња на дисидентско дејствување и дисонантни простори / Славчо Димитров м.
16:15 – 17:00 Драгана Алфиревиќ, Издржливост, номадизам и светки: Примерот на танцовата академија Номад како солидна стратегија и флуидна структура, и Ингрид Коње, Конкретни стратегии предложени по однос на контекстот(ите) во кој се одвива некој (уметнички) предлог / Мартин Сондеркамп м.
17:00 – 17: 45 Рок Вевар, Краток историски осврт на отсуството на институции за современ танц во социјалистичка Југославија и во пост-југословенските републики и Саша Асентиќ Повторно нитшо ново во Нови Сад / Билјана Тануровска Ќулавковски м.
18:00 Предавање-Перформанс, Слики од минатото како слики за иднината, Допелгангер
18:45 Данило Прњат, презентација на истражувањето на тема: Јавните простори во култирата / Домовите на културата во Србија и Македонија
Недела, 14 октомври
ТЕМА 4: Какви институции се можни во контекст на (пост) политичките/општествени кризи и како да се надмине дуализмот на јавно-приватно-граѓанско?
10:30 – Модерира: Славчо Димитров; Адхам Хафез и Адам Кучарски, Екстратериторијално Министерство за култура; Јане Чаловски, Социо-културен простор Центар-Јадро; Ивана Васев/Филип Јовановски, Создавање заеднички јавен простор како политичка, не организациска одлука; Виолета Качакова, Кино Култура како воспоставување на јавен културен простор и Корадо Џемини, Шеми на заедништво: Сопственост и културна продукција во ерата на автоматизацијата
Дискусија
13:00 Затворање на конференцијата
****
Околу проектот: Дисонантни (со)простори и проект на соработка што вклучува три регионални граѓански здруженија: Локомотива од Скопје, Фондацијата Јелена Шантиќ од Белград и Слободни врски од Загреб.
Целта на проектот е да ги прикаже можностите за преземање на запуштени, напуштени или простори што се „некаде помеѓу“ (поради неразрешени имотни односи или други проблеми) созадени во рамките на различни социо-политички и просторни парадигми, истражувајќи што таквите простори означуваат денес, како и нивниот потенцијал за вклучување и граѓанско учество преку јавна дебата, уметност и култура.
Проектот се перципира како обид да се преиспитаат и истражат тековните процеси на историја и создавање простор, истовремено зачувувајќи некои од заедничките врадности и сеќавања преку создавање на нови простори за култура што ќе промовираат отвореност, хоризонтални структури, солидарност и вклученост. Се стремиме кон реактивирање и ре-создавање на просторите по пат на воведување нови содржини, истовремено зачувувајќи ги слоевите сеќавања и развивајќи дискурзивно поле во кое тие ќе се одразуваат.
Дисонантни (со)простори се проширува и пренесува на национално ниво во Македонија како проектот „Културни простори за активни граѓан(к)и, осврнувајќи се на развојот на разновидни модели на јавни простори во културата. Проектот го организира Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, Скопје, во партнерство со Здружението ФРУ – Факултет за работи што не се учат и во соработка со здруженијата Плоштад „Слобода“, театарот „Навигатор Цветко“ и „Гласен текстилец“.
Концепт на конференцијата: Билјана Тануровска Ќулавковски
Програма на конфереција : Билјана Тануровска Ќулавовски, Милица Божиќ Маројевиќ и Наташа Бодрожиќ (консултации за некои делови од програмата)
Проектна раководителка: Виолета Качакова
Координација и продукција на конференцијата: Ирина Љубиќ (Фондација „Јелена Сантиќ), Елена Ристеска, Павле Игновски, Валентино Апостоловски и Калина Игновска (Локомотива)
Конференцијата е во организација на Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата
Место на одржување: Кино Култура – Простор за современи изведувачки уметности и современа култура, поддржан од Општина Центар.
Дизајн на промотивните материјали: Немања Трајковиќ
Лектура: Јулија Мицова и Ана Василева
Повеќе информации за активностите на Дисонантните (со)простори се достапни на: http://dissonantcospaces.blogspot.com; https://www.facebook.com/dissonantCOspaces/; www.lokomotiva.org.mk; http://fjs.org.rs/; https://slobodneveze.wordpress.com/
Дисонантни (со)простори – проектот за замислување на нови институционални модели и практики е поддржан од Балканскиот фонд за уметност и култура – БАС (БАС е поддржан од швајцарската влада преку швајцарската Агенција за развој и соработка (СДЦ) и Европската културна фондација (ЕКФ) како и Министерството за култура на Републиа Србија. Конференцијата е исто така поддржана од ЦИВИКА Мобилитас (во рамките на проектот Културни простори за активни граѓан(к)и) и Фондацијата Фридрих Еберт во Скопје.
Автор на статија: marh
Дисонантни (со)простори / кино Култура / Конференција / Локомотива / Моделирање на јавниот простор(и) во културата