„Крушевска куќа“ – Николоска Марула

Година на издавање : Скопје 2009

Автор : НИКОЛОСКА МАРУЛА

Извор : Библиотека на Архитектонски факултет, Скопје

3

Делото насловено “Крушевска куќа” претставува исклучително значаен научно-истражувачки труд од областа на народната архитектура. Во изданието се истражени факторите низ кои се утврдува настанувањето, потеклото и особеностите на старата градска архитектура во Крушево, а воедно и настанувањето и архитектурата на крушевската куќа во периодот од XIX век.

2

Тежиште на книгата е анализата и истражувањето на вонредно атрактивните стари градски куќи во Крушево, чија научна привлечност доаѓа од посебноста на физиономијата и индивидуалитетот. Основни фактори кои влијаат врз создавањето на оваа архитектура се историскиот и урбанистичкиот развој на градот, неговата географија, топографија, клима, историја, економија, култура и население, урбаната морфологија со составните единици како маала, централно јадро, цркви, гробишта и слично, урбанистичките микро елементи – куќата, улиците и плоштадите, просторно-амбиенталните вредности, идентитетот на градот и урбаниот пејзаж.

1

6

7

Градот е сместен во “природен амфитеатар” кој од север, запад и југ е затворен и ограден со ридови, а само кон исток нуди погледи кон Пелагониската рамница. Просторот на кој е организиран градот природно е поделен на два дела – дело на суводелница со повремен водотек, а самиот терен е каменест. Крушево за прв пат се споменува во 1467, за еден век подоцна да нотира како село и постепено расте. Родот Странишевци од с.Тресонче е меѓу првите Мијаци кои се доселуваат овде во 1770, а после нив се доселуваат и други мијачки семејства. Културата во градот претставува комбинација на културните вредности на Власите и Македонците – два ентитети кои опстојуваат на ист простот и иста конфесонална подлога, но различни традиции и историја.Според урбаната морфологија, просторната композиција на градот преставува најголем предзвик со својот карактер на стрмност и специфичен тип на урбана драматика. За градителите и мајсторите овој предизвик бил совладуван и нивната креативна моќ ја создава урбаната хармонија во неповолни околности. Овие градителски кодови создаве јасна урбана структура – густо ткиво со испресечена мрежа на улици и чиста распределба на просторот.

5

900px-Крушево

Куќата е основна единика во маалото, и тие со своите парцели заедно го формираат маалскиот блок. Топографијата на теренот наложува неправилност во формата на основата на блоковите и працелите, а куќите најчесто се градени во задниот дел од парцелата, додека дворовите се развиваат во предниот дел. Влезот во куќата не е директно од улицата, туку на една од страните ориентирани кон дворот. Куќите најчесто со својата подолга страна се паралелни со изохипсите на теренот.

25

26

Општите карактеристики на куќата од овој период важат и за крушевска куќа – поставување на просториите околу еден централен простор – чардак, развој на фунцкиите по вертикала и поделба на зимски и летен стан. Примена на градежен материјал – камен, дрво, конструктивна техника на масивни носиви камени ѕидови и бондручна конструкција; вграден мебел како мусандри, долапи, миндери и камини. Карактеристиките и посебностите ја детерминираат како единствен и специфичен спој на источните и западните влијанија.

15

Формирани се 4 основни типови на куќи – со правоаголна основа и централно поставен трем и чардак, куќи со квадратна или приближно квадратна основа и аголно поставен трем и чардак, куќи со основа во форма на буква Г со трем и чардак поставени централно или во еден од краците на основата, како и куќи со правилна основа и комбинација на формата и диспозицијата на чардакот (тремот) по нивоа. Покрај овие, застапени се и разни варијанти на решенија на основните типови, потоа братски куќи, како и нестандардни и атипични куќи.

10

И покрај тоа што се лоцирани на стрмен терен, основите на куќите се речиси без исклучок на правилни форми. Препознатловост на крушевската куќа и дава нагласената употреба на камени ѕидови, камените надворешни скали, вдлабнатите фуги и специфичната употреба на кушаците скриени во камените ѕидови, чии корени се уште од средновековието. Примената на исполната на дрвениот скелет кај бондручните ѕидови – преплет од гранки со кал и коноп, а потоа и варов материјал, како и препустите и еркерите и начинот на нивната поставеност по нивоа ја формираат особеноста на крушевските фасади, надополнета со декоративни косници.

Просторната организација се остварува низ три нивоа – приземје и два ката, или приземје, високо приземје и кат.

12

Во овие куќи постои побогата програма на кујнски простории – кујна, кујнич, мијалница, летна кујна, ќевар и сл.

11

16

Значајни елементи на фасадата се вертикалноста на композоциската целина формирана преку неколку елементи – влезна полукружна засводена врата во подрумот, влезната врата во високото приземје, балконот на катот и тимпанот на покривот, каде главен акцент на вертикалата е потенциран преку тимпанот кои е исликан и тој и стреата над него.

18

19

13

Боите и мотивите не се со вообичаена сликарска декорација. Во сликите се вметнува годината на градење и името на семејстовото или иницијалите на сопственикот, животни, растенија, крст, архитектонски градби, птици и слично.

14

20

Куќите се доживуваат со нивната боја, валер, пропорционалност, симетрија и смирена асиметричност, рамнотежа, ритам, силуета с0 благ растечки интензитет на висините по нивоата, изразена едноставност и јасна композоција на организацијата на просторот на куќата, со применето правило без исклучок на примена на иста форма и диспозиција на просторите по сите нивоа.

21

22

23

24

Материјалот го приложи и обработи: Моника Крстевска

Автор на статија: