Македонскиот павилјон „Ничија земја“ забележан во светските медиуми
26.10.2016 • Информации

Македонскиот овогодинешен претставник на Венецијанското биенале на архитектура, проектот „Ничија Земја“ на скопското студио Stone Design, беше забележан од повеќе светски медиуми во сферата на архитектурата и дизајнот.
Познатиот „ELLE DECOR “ го стави проектот во нивниот избор на „топ 7 павилјони“ :Покрај овој познат магазин, No Man’s land се појави и на страната на designboom:
FACADEvisual: видео линк
„Проектот има силна индивидуална и сугестивна димензија на архитектонскиот јазик, во функција на создавање на една единствена, заедничка, просторна претстава, Град за сите, Земја ничија или сечија…Тој соодвествува со нашата реалност, и не поттинуваат сите нас, да се запрашаме, дали можеме лесно да се препознаеме во улогата на мигрант, емигрант и крајно жител на земја ничија и сечија“
Ф.К

Автор на статија: Filip Koneski