„Македонски стандарди” 1

За „Македонските стандарди” може и не треба да говориме, бидејќи се си знаеме, но бидејќи е првата објава со ваков наслов должни сме на краток вовед.

Во Македонија важи една реченица „Битно се гради”, реченица која често е употребувана кај народот, особено годиниве околу Ск 2014. Истата зборува многу за македонскиот менталитет, делумно навикнати на „ништо” и задоволувањето со нешто (народски кажано-корка леб). Но дали е тоа единствената наша лажна скромност или сепак е и немањето желба за „замарање”. Доколку критикуваш некој што работи јавен проект и притоа си во право, тогаш твоите критики за јавноста често се рамни на „тупење”.

Што се гради, со какви материјали, рок на траење, одржување, контрола на изведба, се е тоа болна тема на тековните проекти. Изведбата на проектот, на крај е заедничка одговорност како општество. Никој од нас не знае, но можеби проектот е добар, а притоа изведувачите погрешиле. Можеби е обратно или менаџирањето било со недоволно средства и послабо рангирани мајстори. Милион комбинации, но еден краен производ, со кој општината или градот се себе одбележува.

Македонските стандарди се сериозна тема на разговор, како професионални така и народни (со што народот се задоволува). Дали знаеме што е надзор над јавни проекти, и последици од неисправна градба, како фирмите предаваат реализиран објект во употреба на градот?

Во една скопска општина рекреативната патека беше оштетена од тековни работи на една јавна компанија. Истата претпоставуваме е обврзана тоа  да го санира, т.е врати во постоечката состојба. Но, патеката беше асфалтна а реконструираните делови се несмасно изведени во бекатон. Кој вози ролери на бекатон, која е естетиката на просторот и потегот? И покрај свесноста за тоа, општината, таа крајно непрофесионална санација ја наброја во своите достигнувања и реализирани проекти. Токму тоа е описот на стандардите во кои живееме.

Следниве фотографии ќе ви појаснат за што станува збор, а се проследени со насловите кои би требало да објаснат што во суштина треба да претставува изведеното (иако е очигледно):

Локација: булевар „Борис Трајковски” – Кисела Вода, Рекреативна патека- Кисела Вода

 

Нивелирање на тротоар со коловоз ( велосипедска патека)

P1650104

Поставување на семафор (базис)

P1650106

P1650102

Доградба на пристапна улица

P1650107

Спојување на две патеки

P1650110

Реконструкција на  рекреативна патека

P1650111

Изведба на коловозна атмосверска канализација

20150908_172514

 

20150908_172516

P1650103

Канализациони отвори-шахти

P1650105

20150908_172529

20150908_172536

???

Podesuvanje ulica

 

20150908_172557

 

Автор на статија: