Моментум – предавање на архитект Simon Hartmann (HHF Architects)

Во организација на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитет Американ колеџ Скопје, архитект Симон Хартман, еден од тројцата партнери во архитектонското биро од Базел Швајцарија – ХХФ Архитекти (www.hhf.ch), ќе одржи предавање на 1 декември 2016 година со почеток во 20 часот, во независниот културен центар „Кино Култура“. Симон Хартман, како дел од ХХФ архитекти, има реализирано голем број на проекти во Швајцарија, Германија, Кина, Франција, Мексико и САД. Поважни дела се објектите: „Landskronhof“ и „Lichtstrasee 9“ во Базел, „Labels 2“ во Берлин, „Ruta del Peregrino“ во близина на Гвадалахара, Мексико, „Baby Dragon“ павиљонот во Jinhua Architecture Park, Кина. Учесник е на 13то Биенале за архитектура во Венеција, додека на 14то Биенале за архитектура во Венеција тој е ко-куратор на Црногорскиот и на Грчкиот национален павиљон
Покрај архитектурата, едукацијата е исто така важна активност на Симон Хартман. Од 2002 до 2007 година бил дел од педагошкиот тим на ETH Studio Basel заедно со Jaques Herzog, Pierre de Meuron, Roger Diener и Marcel Meili. Во периодот од 2008 до 2016 повремено е вклучен во наставата на ХТА Фрајбург, визитинг професор е на Универзитетот во Инсбрук, Австрија и на Карлсруе институтот за технологија во Германија.


Во учебната 2016/2017 година, на Факултетот за архитектура и дизајн при УАКС, архитект Симон Хартман е раководител на Студио 1 во мастер студиите.

15300681_10154686489983830_999356556_n-png

Извор: Паолина Милушева