„Моментум“ – предавање на Simon Hartmann од HHF Architects
05.12.2016 • Информации
„ON THE LEVEL OF MOMENTUM, LET GO…“ – Simon Hartmann
На 1-ви Декември 2016 година, во „Кино Култура“ се оддржа предавање од страна на Simon Hartmann, еден од основачите на познатото швајцарско студио HHF Architects.
Што всушност претставува моментумот? Самиот термин физиката го дефинира како количество движење на едно тело, пресметано како производ на неговата маса и брзина. Додека пак во спортот се користи за дефинирање на брзото напредување на еден спортски тим, за кој што се потребени голем напор и сила за истото да се запре.
Во архитектурата моментумот, според Hartmann има сосема друго значење. Тој претставува момент во процесот на проектирање каде сé функционира, но на крај всушност и ништо не функционира во добиениот проект. Типичен проблем со кој што се соочува секој архитект и секое архитектонско студио.
Предавањето беше поделено на 3 дела од кои: првиот дел се базираше на 12 проекти од HHF; вториот на 3 архитекти кои некогаш имале голем моментум и 4 проекти кои произлегле благодарение на нив и третиот дел за 3 нови проекти.
-1- 12 projects by HHF
-Ruta del Peregrino, Mexico
-Poissy Galore, France
-Artfarm, USA
-Tsai residence, USA
-House D, Switzerland
-House C, Switzerland
-Byfangweg, Switzerland
-Lichtstrasse, Switzerland
-Lebels, Germany
-Parking & more, Switzerland
-Mall of Ku’Damm, Germany
-Housing Tower, Switzerland
-2- Three Architects who had big momentum once and four projects which owe a lot to them
-Alfred Roth
-Justus Dahinden
– Marko Mušič
-3- Momentum has to build up by many failed attempts trying and convincing yourself that it has built up already, 3 Projects
-Ansicht Von – Al Wasl Plaza
-House of Switzerland, Olympics games
-Swiss Pavilion – World Expo, Emirates 2020
Настанот беше организиран од страна на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитет Американ Колеџ Скопје.
Материјалот го приложи и обработи: Антонио Грујевски
Фотографии: Борис Јурмовски, Љубен Трајаноски, Антонио Грујевски
Автор на статија: Filip Koneski
HHF Architects / Simon Hartmann / Моментум / Универзитет Американ колеџ Скопје / Факултет за архитектура и дизајн