Музеј на современа уметност- Скопје / „Варшавските тигри” 1966
08.07.2015 • ХХ век / II половина
Автори: Kłyszewski, Mokrzyński и Wierzbicki ( познати како „Варшавски тигри”)
Конкурс: 1965/66
Пристигнати трудови: 89
Награда: 1во место
Проектирање: 1966/67
Изведување: 68/69/70
Свечено отворање: 1970
Извор: „ТигритеМСУ” / лична дозвола за објава од Полската амбасада во Р. Македонија
Во текот на декември, минатата година беше отворена изложбата “Варшавските тигри, Моќта на тимот”, во Музејот на современа уметност во Скопје. Претставена беше заедничката работа на трите полски архитекти: Kłyszewski, Mokrzyński и Wierzbicki, кои се авторите на објектот на МСУ (Музеј на современа уметност). Изложбата покажа девет проекти и објекти, со посебен фокус на Музејот на современа уметност како уметничко дело сам по себе, како и приказната за неговата реализација.
Во проектот и неговата реализација учествуваа: Амбасадата на Полска во Р.М, Министерството за култура на Р.М, Министерството за култура и национално богатсво на Полска, град Скопје, Culture.pl , ZAIKS, Serious Interests Agency (SIA), итн.
Дизајнот на архитектонскиот дел од изложбата е на Даниел Серафимовски, додека графичкиот дизајн е на Нада Прља ( SIA)
Исклучително битна е брошурата, која претставува архивирање на целиот процес на идејата, конкурсот, резултатите и победничкото решение, со документи, фотографии и оригинална техничка документација. Ваков начин на архивирање заслужуваат најмалку уште 30 други постземјотресни објекти во Скопје, a ова е пример како тоа треба да се направи.
Во прилог извадоци од брошурата:
Автор на статија: marh