Објект за промет, центар за автоматска обработка и Банка
14.06.2016 • ХХ век / II половина

Локација: Пробиштип
Автор: Јован Стефановски
Година на проектирање: 1985
Година на изведување: 1986
Инвеститор: Стопанска банка – Основна Банка Пробиштип
Изведувач: ГРО “Маврово”
Извор: Бимас 1987
Објектот за промет, центар за автоматска обработка и банка, се наоѓа на едно од најекспонираните места во Пробиштип, поточно на аголот од идниот градски плоштад и главната улица во градот.
Поради тоа што теренот околу објектот е во пад, овозможено е спрема понискиот дел кон главната улица и градскиот плоштад да се развие ниско приземје, кое содржи функционални локали со трговска намена.
Високото приземје е поделено на два дела: во предниот дел има простории за публика со шалтер сали, а во задниот дел се просториите за вработените во банката. Катовите се предвидени за административните простории. Во косите делови од горните катови се наоѓа сала за состаноци и центарот за автоматска обработка.
Ф.К

Автор на статија: marh