Ограничена комуникација со една скопска општина
24.03.2015 • Информации
Општините, како локални самоуправи, т.е локална власт која директно е поврзана со се што се случува во оформувањето на урбаната средина, треба да биде достапна до сите граѓани. Современото општество и развојот на нет сообраќајот, неминовно ја наметна потребата од постоење на web page ( интернет страна) на секоја општина.
Главниот град Скопје е поделен на повеќе општини. Една од нив, од создавањето на својата нет страна, до моментот на пишување на оваа објава, не е достапна на македонски јазик. Немајќи намера да зачнеме теми од политички карактер, ја објавуваме оваа вест со желба за нормално функционирање на комуникацијата во професијата .
Интернет страните се првото комуникациско средство по кое посегнуваат граѓаните, фирмите, заинтересираните инвеститори и архитектите кои работат на проекти поврзани со конкретната општина и нејзината територија. Доколку сакаме да исконтактираме со одредена општинска служба, да најдеме податоци од јавен карактер и сл. најпрво пребаруваме на интернет. Во аголот е забележително одбележувањето МК, меѓутоа по кликнувањето ќе го добиете одговорот кој е прикажан на насловната слика.
Како е возможно оваа скопска општина сеуште да нема страна на официјалниот јазик на оваа држава, со што е неразбирлива за најмалку 2/3 од нејзиното население е навистина прашање на кое може само пародично да се одговори.
Единственото ниво за полемизирање, за кое сме ние заинтересирани е професионалната свера, а тоа е архитектурата и урбанизмот кои директно се водени и контролирани од општините. Почетната комуникација е оневозможена и тоа е причината за која МАРХ информира.
Автор на статија: marh