Од дневникот на еден архитект / II дел

Година: 1979

Автор: Дарко Шарац

Од архивата на: Ратко Патчев

Материјалот го приложи: Климент Патчев

Архитектурата како професија во своите етички и морални кодекси бара широк и постојано отворен светоглед. За да се креира архитектура треба да се спознае човек, простор, услови на локација, контекст, закони, историја, потреба, функција … Тоа значи отвореност и за поинакви медиуми на истражување, блиски и далечни, инспиративни или провокативни, зависно од повикот или поривот, т.е тоа значи обид за разбирање на секој околу нас.

Често луѓето кои ја одбрале оваа професија се компатибилни и адаптилни за повеќе, поради мултидисциплинарниот поглед на околината.  Некои делуваат во повеќе сродни или несродни полиња, преку кои канализираат поинаква потреба и слобода за изразување.  Но на крајот ништо не е далеку од архитектурата, бидејќи таа интегрира се во себе, креира простор, креира употреблив свет за сите. Цртежот е средство кое го користат архитектите, инжењерите, уметниците…

Денешната приказна е поврзана за нетипичен цртеж на архитектот кој работи на проект или негова реализација во Скопје, го гледаме неговото дневно бегство од конкретната задача. Во еден поинаков, таканаречен „дневник“ тој ги документира, асоцијативно преку карикатура, колегите со кои го дели своето работно време.  На самиот крај  го црта и својот автопортрет.

Шарац создал двоцифрена бројка на линиски карикатури – мемориски белег, кои низ неколку објави ќе ги споделиме во категоријата уметност . Можеби ќе познаете свој колега, пријател, можеби родител 😉 Уживајте во вториот дел >>>

 

Ф.К