Од отворањето на изложбата „ИМАГИНАРЕН ГРАД“ / А. Наумчевски

Вчера присуствувавме на уште едно случување, во склоп на Бимас 2016. Тоа е отворањето на изложбата „Имагинарен град“ од архитектот и фотограф Александар Наумчевски, во просториите на „Јавна Соба“.

Делата на Наумчевски  претставуваат колажирани архитектонски сегменти во одреден ритам на повторување, а со тоа и креирање на имагинарен простор. Таму каде природата на просторот, и вистински пронајдениот агол  самостојно ја креираат таа „имагинација“ таму фотографијата е чиста во композицијата и останува само да ја проследиме. Онаму каде сегментот возбудува, таму имагинацијата ја креира композицијата преку негово патерно инкомпорирање, и се така до формирањето на повеќе слики од имагинарниот град.

Ќе се обидеме да ве намамиме да ја посетите оваа прекрасна изложба и да ги доживеете вие самите овие архитектонски фотографии . Во  изминатата година, неговите дела примамија интернационално внимание проследено со повеќе објави низ порталите.

Ви пренесуваме малку од атмосверата и по нешто од делата:

IMG_6146

IMG_6148

IMG_6147

IMG_6151

IMG_6145

Фото: Борис Јурмовски

C 004

B 03

B 01

Ф.К

Автор на статија: