ОТВОРЕН ПОВИК – Работилница за дизајн на мебел и декоративно осветлување
10.06.2017 • Ентериер и мебел Информации
Пет дневна работилница за мебел и декоративно осветлување во Јавна Соба, отворена за сите студенти на факултетите на дизајн!
Пријавувањето трае до 20. јуни, 24часот.
Учеството е бесплатно, а добиеното знаење бесценето.
ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА:
Работилницaта во Јавна Соба ќе трае 5 дена, од 26. јуни до 30. јуни , секој ден од 10 до 15ч.
Во текот на овие денови ќе истражуваме пазари, материјали, ќе разговараме за дизајн, ќе скицираме и изработуваме макети за производи – парчиња мебел и декоративно осветлување.
Во летниот период, јули-август, мајстори ќе ги изработуваат овие концепт производи.
Во септември ќе се изработуваат промотивни материјали за нив, а по тоа следи претставување на производите пред пошироката јавност преку продажна изложба и онлјан медиуми.
ЗА КОГО E НАМЕНЕТА:
Работилницата е наменета за сите студенти кои сакаат:
- да научат како од идеја се доаѓа до готов производ подготвен за продажба во продавница,
- да дознаат како може да се заработува како дизајнер,
- да го искусат целиот процес на истражување, производство и промоција,
- да го увидат бенефитот од тимска работа.
МЕНТОР:
Тамара Георгиевска- индуструски дизајнер
КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ:
Потребно е да се испратите портфолио со вашите студентски проекти, CV, како и краток опис (еден параграф) зошто сакате да учествувате на работилницата на tamara@publicroom.org
За фајлови поголеми од 5MB, ве молиме користете www.wetransfer.com
За учество во работилницата ќе бидат одбрани до 10 студенти.
Аплицирај, биди еден од нив и научи многу, многу нови работи!
За повеќе информации пишете ни на tamara@publicroom.org
Автор на статија: marh
Декоративно Светло / дизајн / Јавна соба / Мебел / Работилница