NATURAL SYSTEMS – Охридска летна школа на UACS

Останаа  уште неколку дена до затворањето на повикот за учество на летната школа при UACS, која традиционално се организира во Охрид по петти пат.  Ќе се случува од 25 јуни до 2 јули, на тема „Природни системи“.

Овогодинешниот ментор е Деан Лах, архитект  од студиото ENOTA од Словенија. Роден е 1971 година во Марибор, дипломира на љубљанскиот архитектонски факултет во 1998 година.  Истата година станува ко-основач на студиото Енота кое има добиено многу признанија и награди за архитектура.

Гости на работилницата се хрватските архитекти Венко Пенезич и Крешимир Рогина.

За повеќе информации, начинот на аплицирањето и условите контактирајте го организаторот.