Охрид / III

Главната вредност на регионалната архитектура ја препознаваме не во деталите туку во целата композиција. Динамичен и скулптурен волумен, пропорцијата, геометрискиот растер на елементите итн. Сите овие вредности се дел од архитектурата во градот Охрид и се последица на типологијата на архитектура и просторната организација на истата.

%d0%bd%d0%b0%d1%81%d0%bb%d0%be%d0%b2%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%b2-%d0%ba%d0%bb%d0%b8%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d1%82

Две дефинирачки целини и елементи ја обликуваат конструкцјата и формата на охридската вискока куќа. Масивното камено приземје и лесната дрвена конструкција. Токму во овие два елемента е дуалноста во експресијата на традиционалната архитектурата. Масивното приземје е иземено од скулптурни детали и со минимални отвори.  Геометриската отворена композиција на катот со остри агли и рамни површини е во директна спротивност со грубото и робусно обликување на основата каде материјалот е директено изложен на фасадата.

02_%d0%b4%d1%83%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82
Дуалноста во конструкцијата ©марх

Употребата на камен за сутеренските и приземните простории е само логична последица на функционалната потреба на куќата. Каменот како природен материјал е присутен во целата околна на градот Охрид. Неговата проста масивност со примарните форми претставува логичен фундамент за разиграната пластика на катовите, а истовремено ги задоволува сигурносните и термоизолационите барања.
Камениот ѕид е изведен од поголеми парчиња необработен камен на внатрешната и надворешната рамнина на куќата додека во средината е пополнет со помали парчиња камења кои се врзани помеѓу себе со варов малтер или малтер од кал. Дебелината на ѕидовите варира помеѓу 0.50-0.80 m кои се оставаат немалтерисани, сообразно со својствата на материјалот да се спротивставува сам на надворешните влијанија.

05_%d0%ba%d0%b0%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d1%81%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b0Камено приземје и страна ©марх

Височината на базата секогаш го опфаќа сутеренот и приземјето но често преминува и на висина на првиот кат, зависно од теренските околности на куќата. Израмнувањето на товарите е извршено со хоризонтални дрвени појаси кои се појавуваат приближно на секој метар височина и се познати како ,,роштиљи” или ,,кушаци”и служат за еднаква распределба на ѕидниот товар. Употребата на дрвени затеги се применува и кај средновековните монументални градби каде најчесто се скриени во градбата.

%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d1%81%d0%bb%d0%b8%d0%ba%d0%b0-1

Дрвени појаси ,,Кушаци”
©Б.Чипан, Стара градска архитектура во Охрид (1982)

Катовите, со меѓукатни конструкции над камената основа се изведени врз база на скелетниот –бондрук систем на принцип на примарни и секундарни греди и опшивка на истите. Хоризонталните и вертикалните конструкции еластично се сврзани во стабилна целост, чија што основна форма е триаголник. Сите ѕидови се изведени на тој начин што  од двете страни се наковани во проред тенки, грубо делкани штици ,,плацки”, кои потоа се малтерисани. Ѕидот овде претставува комбинација на две платна и слој кој може да е исполнет со непечена тука ,,керпич” или да е оставен празен воздушен слој. Покривањето на кревката дрвена струкутра е изведено со голема внимателност. Фасадната завршница најчетсно е изведена од варов малтер но обработката на фасадата со ламарина и дрвена оплата е исто така присутно.

 

%d1%83%d1%80%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d1%80%d0%b5%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0Реставрација на куќата Уранија спроведена од Проф. Борис Чипан
©Б.Чипан, Стара градска архитектура во Охрид (1982)

Геометриското обликување и обработка на фасадните рамнини e резултат на конструктивистичката логика и функционалност на струкутрата. Вертикалните греди од бондрукот, по аглите и околу  прозорците и хоризонталното чело на меѓукатната конструкција се места каде малтерот е кревок и најранлив и се опшиени со дрвена штица. Вместено хоризонтално летвиче во опшивката на меѓукатната конструкција под наклон оневозможува продирање на водата што се слева по фасадата во најосетливиот јазол на конструкцијата.

%d1%81%d0%b8%d0%bd%d1%82%d0%b5%d0%b7%d0%b0

Фасадно обликување ©марх

Професорот Борис Чипан во публикацијата “Стара градска архитектура во Охрид” наведува: ,,И површен поглед на старата охридска куќа, со јасно диференцирана идејна и конструктивна замисла, не води кон неоспорниот заклучок: градителот на оваа архитектура извонредно го познавал занаетот. Долговековната традиција го развила талентот до максимум. Без комплицирани статички пресметки и технички студии, градителот го има во целост материјалот под своја власт и на емпирички начин дошол до границите на рационалната мера. Важното чувство на мирна сигурност во конструктивната проблематика ги ослободило проектантските сили и довело до полна скалдност меѓу употребениот материјал и облиците. Просторното обликување логично произлегува од програмските барања, а конструкцијата лесно и ненаметливо ја следи просторната мисла на градителот-проектант. Ниту внатре во организацијата ниту надвор во архитектонскиот израз нема видлив конструктивен напор. Се е лесно, складно и навидум невидливо.”

 

%d1%9f%d0%b5%d0%b7%d0%b7-%d0%b8%d0%bd

Фасадни испусти. Објектот на местото на денешниот клуб Џезз ин
©Охрид слики од минатото

Испустот или еркерот кај охридската христијанска куќа, професорот Чипан го дефинира со утилитарна и функционална улога. Во ситуација на огромен несразмер помеѓу можностите што ги дава градилиштето (минимум) и барањата за задоволување на животните функции на скромниот станбен просек (максимум), решавачка улога имало сигурното владеење на конструкцијата. Куќите се развиваат во височина и над горните катови се бараат можности за проширување.Со последователните еркерни наддавања на катовите е постигната двојна корист: неправилниот основен облик на приземјето се трансформира во правилни облици, кои се доближуваат или идентификуваат со правоаголници и истовремено се зголемува корисниот простор на куќата.

10284713_289075171302283_4435590360762050607_oФасадни испусти ©Охрид слики од минатото

Кај муслиманската куќа еркерите деловично се инспирирани од естетско чувствени моделации на архитектонската пластика во рамките на строга централна симетрија, кај христијанската куќа во Охрид, еркерите се крајно утилитарен домет во совладувањето на несразмерот меѓу миминум градилиште – максимум програма и, како такви, носат во себе совршено функционални вредности.

dsc_0178_bwЗатворени косници ул. Илинденска  ©марх

Конзолните дрвени потпирачи се логично поврзани со целиот конструкитвен систем на куќата. Најчесто се потпираат на кушаците од ѕидната конструкција и во Охрид се најчесто недекорирани и нивната обработка е минимална. Зависност од локацијата еркерот не надминува должина од 1 до 1,5 аришина (~ 76 см – 114 см). Главната примена е нивната функционалност во конструктивен смисол, како потреба од свесно сознание на можностите на материјалот.

%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d1%81%d0%bb%d0%b8%d0%ba%d0%b0-3Пресек низ конструкцијата
©Б.Чипан, Стара градска архитектура во Охрид (1982)

Несоменено е дека со векови дрвото и каменот го одредувале архитектонскиот карактер на објектите за живеење. Улогата на материјалот во архитектонската форма е витален но не и одлучувачки. Куќата е одраз на концепцијата на животот, социјалните и економските услови имаат ефект на нејзината крајна форма.

Материјалот го приложија и обработија:  Софија Стојаноска / Мартин Ефремовски

 

Автор на статија: