“Паралелни хоризонтали” / Едита Винца, Кристина Радеска
13.08.2015 • Студентски проекти
Проект: Спортска сала – вертикален гимназиум
Локација: Градски парк “Могила на непобедените”, Прилеп
Автори/студенти: Едита Винца, Кристина Радеска
Педагошки тим: Раководител: Доц. Д-р. Михајло Зиноски Д.И.А
Стручен соработник: М-р. Олгица Нелковска Д.И.А
Соработници: Стефани Соларска, Игор Медарски
Година: 2015
Локацијата се наоѓа на јужната периферија на Прилеп, во која преовладува намена домување во семејни куќи со појава на други намени како што се мали комерцијални деловни единици,деловни простории како и зеленило и рекреација.
Просторниот концепт за развој се стреми да создаде средина која ќе одговара на модерниот начин на живеење а истовремено ќе го задоволи условот за динамично место во современ град. Опкружена со природни убавини локацијата гледа од едната страна кон комплексот ‘Могила на непобедените’ а од другата кон фасцинантните Маркови кули.
Концептот на овој проект се стреми да минимално им се наметнува на овие природни убавини, и поради тоа тој има едноставна форма која надворешно се претставува како едноставен волумен.
Доследно на тоа динамиката на надворешноста се пренесува во внатрешноста преку богатата програма која се дистрибуира во различни нивои.
До нив се стигнува преку две главни вертикални комуникации од кои едната ги поврзува сите нивоа додека другата служи за потребите на посетителите/спортистите чија што цел за посетување на овој објект се поврзува исклучително со користење на спортските сали.
Како додатни комуникации се воведува елементот рампа која исто така може да служи и за поврзување и стигнување до сите простории и воедно може да биде стаза за џогирање или пешачење за љубителите на тој вид на активност.
Освен главните сали за кошарка и салата за гимназстика објектот располага и со додатни содржини како што се продавници за здрава храна, фитнес центар, теретана, солариуми, сауна, масажа, кинези терапија, ресторан како и базен кој е сместен во последно ниво од каде што се добиваат и најубавите погледи од околината на Прилепското подрачје.
Цела оваа богата програма е спакувана во мрежа од просторни решетки кои ја носат целата конструкција а воедно допринесуваат во енергијата и динамиката на внатрешниот простор.
Автор на статија: marh