Парк во Куманово / Данчо Јовановски 1989

Локација: бул. „Октомвриска револуција, Куманово

Претпријатие: „Простор“ д.о.о Куманово

Година на проектирање: 1989

Инвеститор: СИЗ за становање, Куманово

Извор: Бимас 1991

Паркот е предвиден на локација што се наоѓа меѓу станбената населба „Отпад“ и почетокот на Рекреативната зона на град Куманово (локалитет „Кисела Вода“ ). По својата местоположба и третман е замислен како градски парк, каде што децата ќе можат слободно да си играат, а постарите слободно да шетаат и да се рекреираат. Во исто време на околните станови паркот им дава поглед во зеленилото.

Park vo Kumanovo 3_Danco J

Концепцијата на решението се потпира врз две традиции во историјата на парковото уредување, од кои едната е романтична и подразбира слобода на природната форма на зеленилото во неговиот раст и формирање на пејсажот, а другата е строга геометриска, каде што геометризмот на композицијата се постигнува со распоред и обликување на дрвјата, грмушките, цвеќињата и другиот зелен фонд.

Park vo Kumanovo 1_Danco J

Со своите содржини (фонтана, бунар, дрво-сенка, клупи, скулптури, шах на отворено и др.), паркот треба да го разбуди кај помладите она, на што постарите со задоволство ќе си приспоменат.

Park vo Kumanovo 2_Danco J

Ф.К

Автор на статија: